СуперХерој – Триглав Зелена Лига

Започнуваме со серијалот Супер Еко Херои на Триглав Зелена Лига. Имаме единствена можност со вас да ги споделиме кратките изјави на нашите учесници, а со тоа да им дадеме и јавно признание за нивниот придонес кон заштита на животната средина и грижа за
сопственото здравје.

Првото интервју го имаме со учесник и вработен од Комерцијална Банка, во продoлжение прочитајте што нѝ препорача Никола 😊.


Кое е вашето примарно превозно средство?

– Велосипед

Зошто се приклучивте на Триглав Зелената Лига?

Се приклучив бидејќи сум еко свесен и сакам да придонесам за почиста животна средина


Што е тоа што ве мотивира за да поминувате повеќе зелени километри?


Еко свеста, а и преголемата гужва користејќи ги традиционалните начини за транспорт


Што би им препорачале на своите колеги/колешки?


Да земат што помасивно учество во Триглав Зелена Лига, да се дружиме и натпреваруваме