Challenger со нов предизвик за заедницата

Каков почеток на година, нели? Многу предизвици, адаптации и научени лекции, па затоа одлучивме да споделиме со вас што правеше нашиот тим во изминатите три месеци и што може да очекувате од нас. Ви спремаме нов предизвик 😉

Првите 3 месеци низ наша призма

1.Нови партнери – Во првите два месеци склучивме неколку нови бизнис партнерства. Се радуваме што ја зголемуваме понудата на попусти  во Challenger продавницата.

2. Интервју за Портрет магазин и Лице в лице– Нашата приказна беше во претпоследниот број на Портрет, а сега е во најновиот број на Лице в лице. Благодарни сме што нашата мисија ја споделија со нивните читатели. 

3.Ребрендирање – Одлучивме да го освежиме дизајнот на социјалните медиуми и нашиот вебсајт. Се надеваме дека ви се допаѓа и секоја сугестија е добредојдена 🙂

4.Нови членови во тимот – Сите кои не прашуваа кога ќе имаме iOS верзија тоа ќе биде откако ќе заврши корона кризата, а за тоа е заслужен Симон. Да не заборавиме тука е и Јована која е нашиот практикант и заедно со нас ви одговара на сите ваши пораки. Јована и Симон заедно со нас спремаат нов спин-оф производ (читај подолу)

5.Тест фазата – Андроид тест фазата полека дојде при крај. За жал се случи Covid-19 и едноставно бевме приморани да го намалиме тестирањето. Многу научивме благодарение на 500 супер луѓе кои беа тука да ни дадат сугестии и пријават грешки. ФАЛА ВИ! 😉

6.Акцелератор Seavus – Нашиот тим е дел од втората акцелераторска програма на Сеавус Акцелераторот! 🚀Додека сме дома преку интерактивна online платформа тимот работи со цел #challengermk да биде апликација која ќе донесе промени во нашето општество

7.Креатон – СедиДома – Аплициравме на повикот КРЕАТОН Остани Дома-Спаси Живот објавен од страна на Фонд за Иновации  и Технолошки Развој (ФИТР). Ова беше голем предизвик бидејќи требаше да најдеме начин како Challenger ќе придонесе во целата ситуација. Токму така го креиравме нашиот спин-оф производ Challenger #СедиДома кој е избран за проект кој доаѓа наскоро.

Challenger со нов предизвик #СедиДома

Главната цел на мобилната апликација Challenger останува иста, а тоа е да служи како алатка за мотивирање на луѓето, со тоа што сега добива нова димензија – да ги мотивира луѓето да останат во своите домови. Challenger #СедиДома ги мотивира сите граѓаните да остaнат во своите домови. За секој час поминат дома корисникот добива СедиДома поени. Добиените поени, се разменуваат за купони за попуст во локални македонски бизниси. #СедиДома ќе биде во функција само за време траење на вонредната состојба.

Веруваме дека како заедница имаме една цел, а тоа е да се поддржуваме и да носиме промени во општеството независно во која ситуација се наоѓаме. Сега бараме од вас драги Challengers да докажете уште еднаш дека сте нашите суперхерои и да седите дома, со цел многу брзо да ја надминеме заедно ситуацијата.