














Земајќи предвид моменталната состојба, нашиот тим одлучи да изгради спин оф производ, наречен Challenger Дома, кој ќе биде во функција само за време траење на состојбата, поддржан од Фонд за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР).
Challenger Дома мобилната апликација служи како алатка за мотивирање на луѓето да останат во своите домови.
Со оваa нова спин оф апликација, те предизвикуваме да останеш дома, а со самото тоа собираш Дома поени кои можеш да ги замениш за попусти од локални бизниси кои се присутни во Challenger продавницата.
Воведуваме користење на гео-локација на мобилниот телефон на корисникот, за да верифицираме колку часа корисникот останал дома. Во текот на денот, извршуваме проверка дали се уште се наоѓа на локацијата која ја означил како “Дома”.
За секој час поминат дома корисникот добива 1 Challenger Дома поен.
Добиените Challenger Дома поени, се разменуваат за купони за попуст во локални македонски бизниси.
Нашата цел е заедно да го намалиме движењето на луѓето, а со тоа да се намали и ризикот за пренос на вирусот. Не треба да заборавиме дека со Challenger Дома заедно им помагаме на македонските локални бизниси кои се најпогодени во оваа ситуација.
Веруваме дека само како сплотена заедница може да постигнeме резултати, и дека емпатијата, мотивацијата и поддршката од луѓето се главниот двигател на сите промени.
Затоа остани дома и заедно со Challenger и добивај попусти 🙂