2021 за нас беше година за нови почетоци

Иако веќе влегуваме во второто тромесечје на 2022, сепак сакавме да направиме еден осврт на  2021 година (малку повеќе касниме бидејќи ви спремаме интересни новости, ама за тоа во посебен блог пост ;))))

Решивме да го напишеме овој блог малку и за наша душа, бидејќи се чувствуваме дека времето поминува доста брзо, и не сме имале шанса да успориме и да направиме еден осврт на се она што постигнавме. Но секако сакаме и да ви раскажеме на вас што се случуваше изминатата година. 

Овој блог го посветуваме на тимот, соработниците (Елена, Бојана, Добре, Дарко) сите оние кои не поддржуваат, нашите бизнис партнери (малите и големите), за вас, нашите корисници и за целата наша заедница. 

Еве ја нашата и не така кратка листа за работите и постигнувањата во 2021:

  • Станавме официјален партнер на IT4Charity2021 кампањата. Ова е една од најуспешните кампањи каде што: се приклучија 15 ИТ компани со вкупно 528 вработени, заедно поминаа 60906.58км пешки, се извозеа 13973.69 км со велосипед, заштедивме 1946.89 тони CO2 честички и се донираа 20.125 евра кон СОС Детско Село Македонија. Покажавме дека заедно можеме да направиме impact. We cannot wait for the 2022 edition 🙂
  • Challenger стигна до 7.000 корисници
  • На Challenger се приклучија нови 20 бизнис партнери
  • Остваривме одлична соработка со Шпаркасе Банка Македонија – нивните вработени во период од 05.10.2021-31.12.2021 со секој ЕКО километар поминат во пешачење, возење велосипед, планинарење, овозможија да се оствари поставената цел за донација кон „СОС Детско село“ во износ од 300.000 денари. Покажавме дека заедно можеме повеќе!
  • Остваривме соработка со IME (Програмата за зголемување на пазарната вработливост) преку нивниот ChallengeFund со цел да ги зајакнеме и подобриме нашиот бренд, а со тоа и да ја зголемиме нашата продажба. Им благодариме на на укажаната доверба и финансиска поддршка.
  • Polarraces – После повеќе од една година работа од дома и сите предизвици кои ги донесе пандемијата за вработените, Polar Cape Macedonia бараа нов начин како да го активираат и мотивираат својот тим и да се погрижат за благосостојбата на своите вработени. Така дојдовме и до создавањето на нашиот нов продукт Challenger@work – stay tuned…
  • Нашата компанија е избрана како компанија предводник на Целите за одржлив развј во нашата држава – погледнете го доделувањето.
  • Организиравме настан во склоп на Global Entrepreneurship Week Macedonia, заедно со нашите соработници PolarCape. Го споделивме искуството што значи да се користи Challenger@work како функционалност во една компанија – повеќе овде.
  • Голема благодарност до тимот на Види Вака за споделувањето на нашата приказна – видео
  • Од 290+ номинации, Challenger влезе во финалето за наградата WSA 2021.
  • World Summit Awards ги прикажува значајните иновации на пазарот кои имаат позитивно влијание во општеството. Уште едно признание за значењето на Challenger заедницата во борбата за поздрава животна средина.
  • Нашиот Стефан беше помеѓу 10те меѓународни и домашни активисти кои ги споделија своите приказни и искуства на десеттото јубилејно издание на Конференцијата за друштвен активизам „ENGAGE 2021“
  • Нашата Оља гостуваше на SE TALKS #4: The Road to becoming a social entrepreneur – погледнете го гостувањето
  • Бевме дел од овогодинешниот настан Fridays at the Lab со наслов Sustainability, Youth, Activism, организиран од UNDP MK – прочитајте повеќе тука
  • Бевме дел од кампањата за женско претприемништво подржано од емисијата 360 степени – погледнете го видеото
  • Учестувавме на World Business Angels Investment Forum 
  • Соработка со средното училиште НОВА Меѓународни Училишта. Нивните ученици подготвија креативно видео за Challenger.

Нека овој блог пост не потсети што се постигнавме заедно, и не испирира да направиме уште многу повеќе. Посакуваме 2022 да биде година на уште поголем заеднички импакт, нови предизвици, награди, партнери и пазари! Cheers to that!