Challenger @ WORK им помага на компаниите да ги мотивираат своите вработени да се движат повеќе и да одбираат одржливи методи на транспорт. (велосипед и пешачење) Воедно со брендираниот dashboard секоја компанија добива забавно искуство за целиот свој тим, каде преку натпревар сите вклучени вработени се грижат за себе и планетата.
DASHBOARD
Брендираниот dashboard со помош на ранг листата и натпреварот помеѓу тимовите во компанијата, го подобрува тимскиот дух независно од кој град или држава работат. Важно е дека ваков вид на активност во компанијата помага при стекнување на подобри навики, а воедно компанијата прави општествен импакт со заедничко намалување на CO2 емисиите во воздухот. Нашиот тим верува, дека ова е начин како да им покажеме на нашите сограѓани дека со велосипед понекогаш се стигнува побрзо, а воедно така и се грижиме за планетата земја. Самата апликација нуди бројни попусти и награди за вработените што е дополнителен мотив.
Cтатистики на компанијата
Го визуелизираме напредокот на компанијата и го покажуваме заедничкото општествено влијание на сите вработени како тим. Следете ги достигнувањата на вашата компанија преку статистика.
Ранг листа за вашиот тим
Предизвикајте го вашиот тим, разбудете го натпреварувачкиот дух помеѓу вработените и создадете здрава конкуренција. На брендираниот dashboard можете да го видите напредокот на секој вработен посебно! Инспирирајте ги да бидат подобра верзија од себе со секој нов ден.
контактирајте нè
Закажете состанок со нашиот тим за да слушнете повеќе за сите придобивки, а ние ви ветуваме дека вашиот тим ќе се забавува и натпреварува, додека заедно создавате импакт на природата околу нас.