СуперХерој ТаskForce BPO #1

Изминатиот месец започнавме соработка со компанијата TaskForce BPO, каде се креираа тимови кои се натпреваруваат меѓусебе користејќи ја Challenger.  Токму на овој начин, вработените во компанијата се движат, собираат зелени километри, се натпреваруваат на иновативен начин и се грижат за животната средина. Горди на успесите од оваа соработка, ја започнуваме серијата на интервјуа со СуперЕкоХероите во оваа компанија. Првото интервју го имаме со Милена, која воедно е тим лидер на тимот Slow Motion Ninjas.

Претстави ни се во една реченица:

Здраво, јас сум Милена, ја сакам природата и сакам често да сум во природа. Моето омилено хоби е возење точак и планинарење

Како го одбравте името на Вашиот тим?

За име на тимот сакавме нешто несекојдневно и смешно. Сите заедно дававме предлози и гласавме. Најмногу гласови имаше Slow motion, па само на тоа додадовме ninja 🙂

Што е тоа што го прави вашиот тим уникатен и единствен?

Уникатно го прави тоа што сме навистина сме тим и на работа. Јас имав голема желба да бидам дел од предизвикот во склоп на нашата компанија и сметам дека Challenger e навистина убава замисла за самите нас и за нашата околина. Така дојде да се пријават и другите мои колеги и заедно го формиравме нашиот тим. Инку имавме и стратегија во тимот да имаме и мајки кои се нон-стоп во движење со нивните деца и знаевме дека ќе изодиме многу километри 🙂

Сподели со нас тактики кои ги користите во тимот меѓусебно да се мотивирате

Често се случува на работа да излеземе пешки или кога треба да се видиме на кафе, одлучуваме да го искористиме тој час за прошетка во природа со take-away кафе. Имаме група на Teams каде што се мотивираме и споделуваме интерсни статии за здрав начин на живот и договараме заеднички прошетки, со цел да поминеме што е можно повеќе километри.

Дали сега се движите повеќе отколку пред овој заеднички предизвик?

Сега се движеме дефинитивно повеќе од претходно. Еве еден пример од наш член во тимот: „Кога го чекав детето од англиски обично пиев кафе, сега откако сум дел од предизвикот го користам тој еден час да испешачам“

Што значи Challenger за тебе во еден збор?

Мотивација!