Нашиот нов СуперЕкоХерој е Димче кој неодамна започна со користење на Challenger – за еден месец успеа да помине 552 km и освои веќе 2 награди. Се гордееме што е дел од нашата заедница, а еве зошто е пример за сите нас.
Претстави ни се во една реченица
– Човек што 40 години е физички активен и посветен секојдневно да ужива во тоа.
Како изгледа твоето секојдневие?
–Мојот ден е исполнет со разни домашни обврски, чување на моите внуци, и обавезно без исклучок вклучува пешачење и/или возење велосипед.
Мисла која те мотивира?
– Во здраво тело – здрав дух – со секојдневен ритам.
Кое е твоето примарно превозно средство?
– Велосипед.
Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?
– Пешки по 100км, со велосипед 200км – што секако може да варира.
Што е тоа што те мотивира да возиш велосипед?
– Слободата, чувство на убава природа, чист воздух и реализирање на поставените предизвици.
Што значи Challenger за тебе?
– Мотив плус, контрола на дневните предизвици и проверка на здравствените можности.
Имаш ли предлози за подобрување?
– Мојот предлог е само кон народот и бизнисите да ги прифатат ваквите идеи и да станат и тие дел од решавањето на предизвиците за подобро општество. Нефункционалноста на државата е главен проблем за вашата одлична апликација. Сметам дека со поголеми стимулации – како што е и Challenger, и заедничко освестување, дел од проблемите – како што се недоволна инфраструктура, морал, етика и препознавање на зелените политики, може заедно да ги надминеме.