Нашата суперeхерoина Марија се адаптира и седи дома

Се сеќавате на Марија, нашата суперекохероина бр.5? Прочитајте како таа се адаптира и седи дома периодов.

 

Како се навикна на новонастанатата состојба да седиш дома?

Иако по природа сум динамична личност, оваа промена не ми беше екстремно тешка. Едноставно си кажав дека индивидуалната одговорност помага на колективната добросостојба и здравје. Ја апсолвирав таа мисла и ја прифатив ситуацијата таква каква што е. Дополнително, поодминатата фаза на мојата бременост само допринесе да ми биде полесно да останам дома и сфатив дека многу активности можат да бидат извршени и спроведени и вака, на пример целосна работа од дома.

Што е тоа што те мотивира овој период?

Новите можности и хоризонти:
1. вртење кон себе (и кон маж ми и времето кое може да го поминеме заедно, целосно посветено еден на друг)
2. учење нови работи
3. подобра подготовка за новото поглавје во животот – дете
4.заедничката борба за справување со ситуацијата и подобро утре
5. навраќање кон некои подзаборавени вредности и приоритети.

Што откри/дозна/спозна овој период додека си дома?

1. Убаво е кога „ќе дигнеш рачна“ и кога не мора да си во постојана трка со времето.
2. Приоритет и понатаму (откако ќе помине периодот на седење дома) треба да ми биде мојата благосостојба и задржувањето на „зен“ расположението.
3. Ми прија готвење 🙂
4. Колку од работите можат да се завршат и без физичко присуство и тоа пак да биде брзо, ефикасно и квалитетно.

Како го поминуваш сега слободното време, а да не си во природа со точак, на трчање,планинарење?

1. Готвам и со маж ми даваме уште поголем акцент на здравата храна, посветуваме многу повеќе време на балансирата исхрана и оброците во тек на денот
2. Вежбам јога секој ден и почнав да навлегувам во мантри и медитација
3. Бојам мандали
4. Читам (одамна немам прочитано толку многу книги во вака кус период)
5. Спијааааам
6. Разговарам доооолгоооо со маж ми (тет-а-тет) и со блиските на телефон и виртуелно
7. Играње со мачето Мици
8. Грижиме за цвеќињата по дома
9. Чистење (одамна станот не ни бил вака чист :))

Што имаш да им препорачаш на нашите Challengers и на сите останати граѓани?

И ова ќе помине. Ама додека тоа да се случи, да го искористиме периодов за учење на нови лекции кои ќе не направат посилни, помудри и посмирени. И нормално, за да се’ помине побрзо, да #СедимеДома (ако можеме ). <3