СуперХероина #5

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

Претстави ни се во една реченица

Мотивирана и весела активистка за социјална правда  со голема страст за здрави животни стилови и оддржливо живеење.

Како изгледа твоето секојдневие?

Секојдневието ми е поделено на неделна и викенд рутина. Во работните денови станувам, пијам кафе/ чај, појадувам, одам на работа, вежбам,  имам некоја дружба со блиските, посетувам некој интересен настан, пред спиење читам… За викенд  најчесто со партнерот и пријателите/ пријателките одам во природа, на шетање, планинарење, посета на некое интересно место. Често се случува викендашки да одиме и на фамилијарни ручеци/ вечери. 

Која е твојата животна мисија?

Хм… Не сум размислувала до сега и немам баш дефинирано „животна мисија“. Ако треба да ја напишам сега би била во духот на реченицата која ме претставува погоре.  Во секој случај сметам дека секоја личност ги има своите слободи и права, но секако и обврски кон другите и кон иднината. Треба да уживаме во се’ што правиме, но тоа да не ги ограничува слободите на другите и секако да бидеме свесни за последиците од нашите лични акции и однесувања.

Кое е твоето примарно превозно средство?

Велосипед и нозе (многу одам пешки)

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

Од дома до работа и назад секој работен ден поминувам по 6 километри  (значи 30 км неделно). Секако, ако за викенд одиме на велосипедска или планинарска тура оваа километража се зголемува (во зависност од турата се случувало дневно да поминуваме по 20, 30, 50 км).

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?

Гужвата низ  град.  Но исто така можноста да ги пуштиш мислите „на пасење“.  Возењето велосипед/ одењето пешки секојдневно ми е ментална гимнастика, тогаш не размислувам за ништо. Плус, кога одам пешки некогаш времето си го користам за да се слушнам телефонски со блиските (за да намалам куцкање на социјални мрежи, а сепак да  видам како ми се саканите).  Викендашките активности во природа се одличен издувен вентил и механизам за справување со кумулираниот стрес во текот на неделата.

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена?

Апсолутно да 🙂

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?

 Јес 🙂