Challenger воведува награди и за километри поминати со велосипед!

Веруваме дека ова е моментот кој што сите долго го очекувавме! Со нетпрение чекавме да ви ги соопштиме следниве вести:

Ја интегриравме Challenger со Strava и од сега километрите кои ги поминувате на велосипед ќе бидат наградени.

Се што треба да направите за да ја добиете оваа функционалност, е да ја ажурирате вашата Challenger апликација, и да се осигурате дека ја користите последната достапна верзија. Потоа, на вашиот профил на Challenger, во табот Статистика, треба да се поврзете со вашиот Страва профил. Секој км кој што Страва ќе го измери, ќе ви биде евидентиран и прикажан во Challenger – и истоврмено ќе добиете поени за тие километри.

Ви благодариме што не бодревте и трпеливо не чекавте да додадеме оваа функционалност!

До тогаш, пешачете, трчајте, планинарете, возете велосипед и собирајте награди!

За оние кои се уште не ја симнале Challenger, може да ја најдете овде:

Поздрав од целиот тим на Challenger💚