5 причини поради кои треба да изберете велосипед

Ако сакате да стекнете подобра кондиција, да се ослободите од заморот и да го обликувате телото

Ако сакате да стекнете подобра кондиција, да се ослободите од заморот и да го обликувате телото, а при тоа да бидете полни со енергија нема потреба да се мачите во теретана. Земете го велосипедот и ќе имате супер форма и вистинско уживање. Постојат барем 5 причини поради кои треба почесто да го одбирате велосипедот наместо теретаната:

1. Кондиција

Погледнете околу себе и ќе сфатите дека велосипедистите секогаш се во подобра форма и кондиција, бидејќи вежбањето претставува постојан тренинг. Дополнително уште една предност е виталноста. Со помош на велосипедот ги обликувате мускулите, а не ги оптоварувате зглобовите, како што тоа се случува во теретана.

2. Енергија

Научно е докажано дека возењето велосипед го подигнува нивото на енергија повеќе од која било друга активност. Тоа не е чудно ако се земе предвид дека велосипедистите поминуваат многу километри. Можеби вложувате многу енергија при возењето, но истовремено и се исполнувате и станувате поенергични.

3. Динамика

Велосипедистите со самото тоа што се исполнуваат со енергија, внесуваат динамика и брзина, на тој начин истите работи ги внесуваат и во својот секојдневен живот, дури и откако ќе се симнат од велосипедот.

4. Поминувате зелени километри и за тоа добивате Challenger поени, и добивате попусти низ локалните бизниси 

Да не заборавиме километрите поминати на велосипед Ви носат и еко поени, а со тие се искачувате на Challenger Leaderboard, а со тоа имате шанса да бидете неделниот или пак месечниот СуперХерој или СуперХероина 😉

5. Велосипедистите живеат подолго

Истражувањата покажуваат дека ако го ставите секојдневното возење велосипед во распоредот, може да си го продолжите  животниот век. Тоа има врска со самиот интензитет на вежбање и фактот дека одморате на свеж воздух. Докажано е дека луѓето кои возат велосипед може да си го продолжат животот и до 5 години повеќе од останатите.