Пешачењето е пола здравје

Живееме воо време на лесно достапен транспорт, дали во форма на автомобили или јавен транспорт ко автобуси и такси сервиси. Заради нивната ефикасност и брзина, често се признати овие методи ко полесната алтернатива. Но така-наречената полесна и побрза алтернатива е штетна не само на вам директно, туку и на околината. Истовремено, при вакви услови, не е тешко да се заборават можните придобивки на пешачењето. За ваша корист, како и во обид да ве предомислиме да бидете малку по екосвесни, наброени се неколку можни бенефити од пешачењето, па дури и во овој период на пандемија.

 

  • Подобрување на крвна циркулација. Активно пешачење е докажано да намали ризик на срцеви заболувања. Само неколкумина часови во недела е докажано да помага при крвната циркулација и крвниот притисок што понатаму би ви олеснило во животот.
  • Пешачење помага при расположението. Истражувањата покажуваат дека само неколку минути лесна активност помага со ослободување од стрес. Тие што активно пешачат покажано е дека се посреќни од тие што одлучуваат да седат дома.
  • Зајакнување на мускулатурата. Пешачењето само по себеси користи повеќе мускулни групи. Со активноста се зајакнуваат трупните мускули ко стомачните и се активираат скоро сите мускули во нозете ко листовите, квадрицепсите и глутетите. Вавките зајакнувања придонесуваат не само во здравиот раст и развој, туку и дејствуваат ко терапија за можни искривувања во трупот.
  • Помага при губење тежина. Иако пешачењето не е многу интензивно во споредба со други типови на вежбање, сепак помага многу при горење калории и слабеење. Кратка прошетка од само 30 минути гори (во просек) околу 200 калории. Честа рутина прави приметлива разлика во изгледот и килажата.
  • Придонесува до поопуштено и подобро спиење. Активирање на мускулните групи со лесна активност ко пешачење дорпинесува до полесно заспивање. Истовремено, поактивните се докажани да се будат полесно и поодморени од другите. Иако е често негирано, квалитетно спиење придонесува до скоро сите телесни процеси.
  • Намалува потенцијална штета кон околината. Најверојатно најважно од сите овие, преку почесто пешачење помалку сте зависни од автомобилите. На овој начин директно намалувате на количината на штетни честички во воздухот. Иако патот би бил подолг пешки, вие придобивате од сите набројани точки, а истовремено зачувувате на трошоци за гориво.

Важно е да се запамти дека еден ден пешачење нема само по себе да направи голема разлика. Ќе биде потребна повеќе-неделна рутина пред да почнат да се приметуваат промени. Но се надеваме дека барем малку ве предомисливме, не да се откажете од автомобилите, туку да пешачите кога можно.

Aвтор: Стефан Јакјоски