Суперхероина #21

Нашата нова СуперЕкоХероина е Ангела која воедно е корисник на Challenger.

Претстави ни се во една реченица

Јас сум Ангела – буден сонувач,заљубена во природата во сите нејзини форми, а уште повеќе во авантурата која го инфилтрира моето секојдневие, секојдневие во кое се трудам достоинствено да ја следам идејата за подобро утре и барем малку да придонесам за реализација на истата.

Како изгледа твоето секојдневие?

Се будам рано и го уживам утрото со кафе,добра музика и добра книга.Појадувам а потоа возам велосипед до езерцето во мојот град.,Исполнета со енергија успешно ги завршувам моите обврски.По ручек учам неколку часа а подоцна поминувам време со семејството и пријателите. Навечер гледам филм или читам книга пред спиење.

Мисла која те мотивира?

Тоа што не го менуваш-го избираш.

Кое е твоето примарно превозно средство?

– Велосипед

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

– Околу 30 километри

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?

Возењето велосипед ми го подобрува расположението, добро расположение води кон стабилно ментално здравје а истото кон подобар и енергичен живот. 

Доколку и ти си СуперЕкоХерој или СуперЕкоХероина, сподели ја твојата приказна со нас на следниот линк.