Димитар Златков од МакАутоСтар е нашиот Супер Еко Херој кој минатиот месец ги предводеше сите велосипедисти во Триглав Зелена Лига со направени 1.185.9 зелени километри на велосипед.
Еве што ни сподели Димитар за поврзувањето на неговата страст за велосипедизам и Триглав Зелена Лига
Кое е вашето примарно превозно средство?
Велосипед. Го користам во секоја прилика и тоа за превоз до одредена цел, за рекреација, за релаксација како и за дружење со моите колеги и пријатели кога возиме заедно по друмовите и планинските патеки. Планините и шумите се мојата најпопуларна дестинација.
Не постојат ограничувања од типот невреме, темница или тежок терен. Уживам во возењето велосипед секаде и секогаш.
Зошто се приклучивте на Триглав Зелената Лига?
Ви благодарам на довербата и можноста да учествувам во Триглав Зелена Лига.
Мојот мотив е всушност мојата неизмерна желба и потреба за постојано движење.
Кога таа моја желба и потреба ќе ја поврзам со превозното средство велосипед, настанува еден спој на задоволство, страст, воодушевување и огромно количество адреналин.
Што е тоа што ве мотивира за да поминувате повеќе зелени километри?
Учеството во Триглав Зелена Лига, заедно со колегите од компанијата Мак Аутостар во која сум вработен, ме мотивира да го подигнам нивото уште повеќе и на тој начин да влијаам на сите луѓе во моето опкружување и пошироко, во правец на зголемување на свеста и одговорноста кон животната средина и општото здравје.