СуперХероина #28

Нашата најнова супер еко хероина е Весела Цурилова. Прочитајте што таа има да ви каже, се надеваме ќе најдете инспирација во нејзините одговори!

Претстави ни се во една реченица

Пешак, љубител на природа, јога, чиста околина.

Како изгледа твоето секојдневие?

Пешки до работа, 8-9 саати на работа, пешки назад од работа, домашни обврски, фамилија, јога, готвење, книги…

Сподели мисла која те мотивира

Being green and clean is not just an aspiration but an action😊

Кое е твоето примарно превозно средство?

Пешачење.

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

Дневно од 6-12км, неделно вкупно околу 49 км.

Што е тоа што те мотивира да возиш велосипед/пешачиш дури и кога времето не баш најпогодено?

Ментално, психичко и физичко здравје, бескраен мир и здравјето пред се.

Што значи Challenger за тебе, во неколку зборови?

Одлична мотивирачка алатка.