Конференцијата на Google IO Connect што се одржа во Амстердам беше незаборавно искуство. Како дел од кампањата #WeArePlay, во соработка со тимот на Google Play, бевме поканети да учествуваме на оваа конференција. Google ни даде можност да се поврземе со експерти од индустријата, да учиме од најдобрите и да направиме квалитетен networking во заедницата на Googlers. Во овој блог пост, го споделувам моето (Теодора од тимот на Challenger, nice to meet you) патување на конференцијата Google IO Connect.
Малку background – како дојдовме до тука?
Како дел од кампањата #WeArePlay, нашата приказна беше прикажана на g.co/play/weareplay-europe заедно со други извонредни стартапи од нашата земја и низ Европа. Ова признание од Google беше доказ за нашата напорна работа и посветеност. Беше охрабрувачки да се видат нашите напори како се слават и признаваат меѓу заедницата на Googlers. Неколку пати правев reality check – зошто не ми се веруваше дека некогаш ќе се најдам на Google конференција.
Малку overview и best practices:
Агендата за конференцијата Google IO Connect беше преполна со сесии, Q&A сесии, работилници, Office hours, состаноци, можности за networking и други активности. Експертите од Google ги споделија своите know-hows и best practices, водејќи нè како да ја зголемиме продуктивноста и да ги поедноставиме работните task-ови, на Mobile, Web, AI и Cloud платформите. Сесиите беа информативни и интерактивни, поттикнувајќи активно учество од сите присутни.
Вмрежување и соработка:
Еден од нај rewarding аспектите на конференцијата беше можноста да се поврземе и да соработуваме со like-minded people. Меѓу нив беше и основачот на Snowball Games, македонски founder на еден од другите 2 стартапи кои беа featured на кампањата #WeArePlay. Запознавањето со него и слушањето на неговата инспиративна приказна беше потсетник на тоа колку страста и истрајноста се моќни, наспроти предизвиците. Разменивме идеи, разговаравме и увидовме како може да останеме во контакт, и да придонесеме кон нашите идеи и стартапи. Ми беше криво што не беа таму момците од Air Care, да бидеме комплетни 🙂
Kudos и до останатите кои ми го направија ова искуство екстра fun – ping Марко, Спасе и Даринка – Google WTM Ambassador.
To sum up:
Присуството на конференцијата Google IO Connect во Амстердам беше незаборавно искуство. Можноста да се биде дел од кампањата #WeArePlay и нашата приказна да биде претставена меѓу другите исклучителни бизниси, ни значи многу. Споделеното знаење од експерти на Google, соработката и конекциите што ги формиравме е главен take-away од се тоа. Конференцијата на Google IO Connect беше доказ за моќта на заедницата, соработката и неограничениот потенцијал на индустријата за развој на апликации и игри. Благодарни сме на Google и сите вклучени што го овозможија ова извонредно искуство.