Во светот каде одговорноста кон околината и ангажманот на вработените стануваат сè посилни, нашата соработка со ПроКредит Банка Македонија е пример на позитивното влијание што една организација може да го има на животната средина. Во изминатите три месеци, ПроКредит Банка Македонија започна со мотивирање и ангажирање на 100+ вработени во усвојување на алтернативни зелени методи на транспорт со помош на Challenger@work.
Зелена Трансформација
ПроКредит Банка поставува високи стандарди во поглед на влијанието врз животната средина, го препознава значењето на насочувањето на своите корпоративни вредности кон конкретни иницијативи кои би користеле и на вработените и на планетата. Тие се обратија на нашиот тим за да го имплементираат Challenger@Work, како иновативна платформа, која ќе ги потикне вработените да користат алтернативни зелени методи на транспорт како што се пешачењето, возењето на велосипед и трчањето.
Ангажман и Мотивација на 100+ вработени
Ангажманот на вработените е срцето на секоја успешна иницијатива. ПроКредит Банка Македонија со имплементација на Challenger@Work ја зацврстија својата култура за грижа на здравјето на своите вработени и грижа за животната околина Преку пријателски натпревари и предизвици, 100+ вработени беа мотивирани и наградени да го користат Challenger@work и со користење на алтернативни зелени методи на транспорт да покажат дека се грижат за животната средина.
Еко Влијание со ПроКредит Банка Македонија со Challenger@Work
На нивната годишнина (20 години присутност на Македонскиот пазар) ги славиме неверојатните постигнувања на ПроКредит Банка Македонија и нивните посветени вработени. Оваа година преку кампањата “Пример за одговорност“, банката низ конкретни примери и факти покажува дека вистински ја сака и се грижи за природата односно 20% од кредитното портфолио на банката е еко, што ја прави доминантен лидер во овој сегмент на македонскиот пазар. Ефектот од поддржаните еко инвестиции придонесува за вкупна заштеда на 49.146 тони CO2, што е еквивалентно на отстранување од сообраќај на 24.573 автомобили за една година.
А во предходните 3 месеци преку Challenger@Work вклучените вработени поминаа 35.000 Зелени Километри и заштедија 9 тони ЦО2 емисии во воздухот.
Овие постигнувања зборуваат многу за нивната одговорност кон корпоративна социјална одговорност и одржливост.
Што мислат вработените на ПроКредит Македонија за оваа иницијатива?
[Сведоштво 1: Лазар Алексовски, Стручен во оддел за управување со животна средина„Со имплементацијата на Challenger@Work, транспортот до работното место со автомобил целосно го заменив со велосипед. Дополнително, можноста за увид колку имам заштедено CO2 возејќи велосипед, беше мотив за максимално користење на велосипедот како превозно средство и за потребите во приватниот живот, а за време на викендите уживав во планинање до нашите прекрасни планински врвови, со цел генерирање на повеќе поени на Challenger@Work натпреварувањето.“
[Сведоштво 2: Бојана Крстиќ, Стручен во оддел за развој на производи„Изненадувачки е како една едноставна мобилна апликација може да служи како дополнителна мотивација за поттикнување на здрави навики истовремено и кај родителите и децата. Секојдневното зголемување на бројот на чекори и заштедени CO2 емисии, за мене и мојата ќерка прерасна во возбудлив предизвик. Прошетките ни станаа секојдневие, а додека заеднички ги броиме чекорите интересот за природата се повеќе се зголемува. На ваков начин не само што работиме на создавање на здрави навики за нас и нашите деца, истовремено креираме и драги спомени и ги учиме децата за важноста на активниот животен стил и почитта кон природата.“
[Сведоштво 3: Димитар Маџароски, Советник за бизнис клиенти – средни претпријатија„Се гордеам што сум дел од организација која не само зборува за одржливост, туку презема конкретни мерки за да направи разлика. Challenger@Work апликацијата допринесе за драстично зголемување на физичките активности кај најголемиот дел од колегите. Иако има натпреварувачки карактер, сепак во голем дел од овие физички активности учествуваме заедно, а дополнително си даваме поддршка за уште поголеми резултати. На крајот на денот, овде интерниот натпревар не е примарна цел, туку давањето придонес кон општеството преку намалување на емисијата на CO2.”
Заклучок
Патот на ПроКредит Банка Македонија е инспирација за сите нас. Тоа покажува дека со правилните алатки и посветување кон одржливоста, организациите можат да предводат и инспирираат вработените значително да придонесат кон зачувувањето на животната средина.Додека ги славиме овие постигнувања, ве покануваме да се приклучите на нашата мисија за правење позитивен влијание врз планетата. Независно дали сте банка, технолошка компанија или било која друга организација, Challenger@Work може да ви помогне да се впишете на вашиот пат кон одржливост. Заедно, можеме да креираме подобра, почиста и зеленa иднина.