Challenger e во потрага по Sales & Marketing администратор. Ние сме стартап со регионално искуство и визија за ширење на нови пазари.
Позицијата на Sales & Marketing администратор е full-time со можност за работа целосно remotely, но со фиксно работно време од 09 до 17 часот.
Како стартап компанија ви нудиме можност да бидете дел од супер-мотивиран мал тим и шанса за поразлично кариерно надградување во стартап кој има регионално искуство и можности за ширење на странски пазари
Одговорности и работни задачи:
- Пристапување кон потенцијални клиенти со деловни понуди и создавање на нови деловни контакти на регионално ниво (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, БиХ);
- Одржување одлични односи со клучните клиенти со цел да се постигнат позитивни деловни резултати;
- Менаџмент на On-boarding процесот на компании и нивните вработени;
- Менаџмент на сите продажни активности во компанијата;
- Подготовка на презентации, понуди и други продажни материјали;
- Техничка поддршка за корисници и комуникација со девелопмент тим за решавање на технички проблеми;
- Подготовка на стратегија за поголема свесност и видливост на брендот;
- Менаџмент на блог и креирање на содржина(блог објави);
- Менаџмент на база на корисници и соработници;
- Менаџмент на Challenger продавница на апликацијата.
Лични карактеристики на кандидат:
- Желба за професионален и личен раст и развој
- Флексибилност
- Претприемачки дух
- Проактивност и динамичност
- Организираност
Вашето CV го очекуваме на info@challenger.mk 🙂