Нашиот нов СуперХерој е Александар. Тој е во топ 3 на Challenger ранг листата и претставува голема мотивација во нашата заедница.
Што е тоа што те мотивира да бидеш секојдневно активен?
Како голем љубител на природата/планините најмногу ми смета загаденоста на воздухот во Македонија. Ова ме потикна да дадам мал придонес како поединец за намалување на загаденоста, а со цел поздрава и почиста животна средина.
Како изгледа твојот придонес за намалување на загаденоста?
Последните неколку години го заменив автомобилот како транспортно средство со возење велосипед и пешачење.
Како Challenger апликацијата влијае врз тебе и твојот животен стил?
Challenger апликацијата ја користам со оглед дека е Еко апликација, ме мотивира и инспирира како корисник да бидам опшествено одговорен и дава одличен приказ за заштедените CO2 емисии со секој изминат километар со пешачење и возење велосипед. Challenger со своите предизвици го јакне натпреварувачкиот и спортскиот дух помеѓу корисниците со цел подобрување на опшеството.