СуперХерој # 9

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

Претстави ни се во една реченица

– Претприемач и оптимист дека можеме да креираме подобро место за живеење околу нас.

Како изгледа твоето секојдневие?

– Станувам и најчесто не си доаѓам дома до 10 трудејки се да заразам што повеќе луѓе со идејата за подобар животен стил.

Која е твојата животна мисија?

– Сакам да бидам канал и можност луѓето да живеат поквалитетно.

Кое е твоето примарно превозно средство?

– Велосипед

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

– Велосипед околу 50, пешки околу 20.

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?

– Точно знам колку време ми треба од една до друга локација, во исто време возам и завршувам телефонски разговори плус не трошам дополнително време за кардио дел кога сум во теретана 🙂

Плус секогаш и секаде имам бесплатен паркинг 🙂

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена

– Имам

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?

– Прифаќам