СуперХероина #27

Нашата нова СуперХероина е Емилија и за неа собирањето чекорчиња и километри поминати на велосипед се секојдневие. 

Што е она што те мотивира да бидеш секојдневно активна?

Најдобар начин да го регулираш работниот стрес и секојдневните обврски се долгите прошетки и велосипедот. Возењето велосипед во комбинација со добра музика е најблиското чувство дека можеш да леташ ☺️ те ослободува од чувството на напнатост и нелагодност, го полни хормонот за среќа✨ и со бистра глава се враќаш дома.

Како се вклопува Challenger во твојот животен стил?

Транспортирање со велосипед од точка А до точка Б ти штеди време, не бараш и не плаќаш паркинг, и плус си општествената одговорноворна личност. Со тоа си активист за почист град и заштедените CO2 емисии, се ова е препознаено и наградувани од тимот на Challenger па така имам дополнителна мотивација за повеќе зелени километри.

Која би била твојата порака до Challenger заедницата?

Собирајте чекорчиња и Мислете зелено за зелен град 💚