Challenger низ призмата на своите корисници
Првата тест фаза доаѓа при крај. Додека трае процесот на отстранување на последните багови (технички грешки), решивме да го споделиме искуството на 5 (пет) сегашни корисници. Ние им поставивме неколку прашања, а ова беа нивните одговори:
Што е тоа што ти се допаѓа кај Challenger?
- Златко: Поените даваат желба за конкуренција!
- Елена: Концептот да се движиш за попусти
- Ајхан: Физичка активност, здраво тело, кондиција и допринос за почиста животна околина (без употреба на автомобил)
- Пепи: Целосната идеја за Challenger
- Сандра: Наградите и предизвиците
Колку награди освои?
- Златко: 1 (Една, ама вредна)
- Елена: 5
- Ајхан: 8
- Пепи: 3
- Сандра 5
Што имаш да им препорачаш на идните корисници?
- Златко: Да пешачат почесто
- Елена: Не заборавајте да ја вклучите апликацијата, макар и само за до продавница
- Ајхан: Активно вклучете се, кориесно е како за вас самите така и за околината
- Пепи: Користете го Challenger колку што можете повеќе и препорачате ја на вашите пријатели
- Сандра: Ништо не е совршено
Која беше твојот омилен баг (техничка грешка) ;))
- Златко: Пешачењето го мереше како велосипед 🙂
- Елена: Додадените километри 🙂
- Ајхан: Ресетирање на километрите
- Пепи: Кога ќе ти крашне 6 пати во минута 😉
- Сандра: Кога не ме регистрираше кога возев точак, иако возев со голема брзина 🙂

Ова се само дел од нашите корисници, а другите се зафатени со користење и тестирање на апликацијата

Наскоро ја лансираме отворената тест верзија за 2.000 корисници. Ако го немаш оставено твојот мејл, тогаш направи го тоа на следниот линк, и ние ќе те известиме веднаш чим ја лансираме Challenger