УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ ЗА АПЛИКАЦИЈАТА Challenger

Основни информации за мобилната апликацијата Challenger

Мобилната апликација Challenger управувана од Грин ИТ ДОО е проект на Грин ИТ ДОО за зголемување на свеста за еко активности и зачувување на животната средина.

Секој корисник со секој поминат километар во пешачење, трчање или возење велосипед треба да придонесе за зголемување на еко свеста, намалување на емисија на СО2. Со користење на мобилната апликација Challenger корисникот се согласува со овие правила и услови за користење. Правото на користење на апликацијата Challenger е лично на секој корисник и не е преносливо на друго лице или субјект.

Секој корисник е одговорен за податоците кои ги внесува во апликацијата и доверливоста и вистинитоста на истите.

Мобилната апликација ќе  биде достапна за сите корисници на Android. Грин ИТ ДОО не е одговорна доколку има пречки во достапноста на сервисите кои се надвор од контрола на Грин ИТ ДОО. Грин ИТ ДОО си го задржува правото да ја прекине  или привремено да биде ограничен пристапот на услугата на јавната веб страна и мобилната апликација доколку се врши реконструкција, модернизација, одржување и во случај на технички пречки или недостатоци на мрежата воопшто или некои дополнителни активности. Крајниот корисник ќе биде информиран навремено во случај на прекин на јавната веб страна или мобилната апликација Challenger преку информативните канали кои ги користи тимот на Challenger.

Услови за користење на апликацијата Challenger 

Грин ИТ ДОО си го задржува правото во кое било време да ги прекине, измени или дополни Условите за користење како што смета дека е неопходно и потребно. 

Сите измени и промени кои ќе бидат направени  и истите ќе стапат на сила откако ќе бидат јавно објавени на веб страната наменета за мобилната апликација Challenger која е управувана од Грин ИТ ДОО.

Секој корисник пред да се регистрира и започне да ја користи мобилната  апликација Challenger, задолжително треба да ги прочита условите за користење. Со самата регистрација на мобилната апликација и пополнување на податоците кои се задолжителни, корисникот е согласен на условите и истите ги прифаќа. 

Доколку во текот на користење на мобилната апликацијата Challenger направи измена, дополнување или бришење на некои од  условите на користење, корисникот ќе биде навремено известен и понатаму ако продолжи да ја користи мобилната апликација се смета дека е согласен со истите. 

Условите за користење на апликацијата Challenger ќе му бидат достапни на корисникот во секое време додека апликацијата е во употреба.

Основни функционалности за користење на мобилната апликација 

Мобилната апликација Challenger е наменета за Android мобилни телефони и ги содржи следните функционалности кој секој корисник може да ги следи за неговиот личен профил.

  • Контролен екран за брз преглед на достигнувањето на корисникот (освоени Challenger и Еко поени, вкупна статистика за поминати километри во наведените активности, дневна анализа на податоците, ранг листа  и добиени кодови) 
  • Старт за започнување на активност
  • Преглед на активни предизвици
  • Листа на на активни зделки во Challenger продавница
  • Временска рамка на поминати активности 

Мобилната апликација поддржува активности за велосипедисти и пешачење.

Содржина на јавната веб страна наменета за проектот Challenger и карактеристики за мобилната апликација Challenger

Податоци кои ќе бидат содржани на Јавната веб страна www.challenger.mk 

  • Дома, за апликацијата, блог содржина и карактеристики на апликацијата
  • Контакт и често поставувани прашања

Регистрирање на веб страната Challenger и користење на мобилната апликација Challenger

Право да се регистрираат како корисници на мобилната апликација имаат сите физички лица со деловна способност, физички лица со ограничена деловна способност или со одземена деловна способност во рамки на способноста која ја поседуваат.

Физичките лица кои имаат ограничена деловна способност или одземена деловна способност  доколку се регистрираат да ја користат мобилната апликација Challenger се смета дека нивниот законски застапник или старател се согласува со условите за користење на истата и со успешно регистрирање ги прифаќа во целост условите за користење и политиката на приватност.  

Со користење на мобилната апликација Challenger, корисникот се согласува и ги прифаќа во  целост условите за користење и политиката на приватност.

Сите лични податоци кои ги внесува корисникот при регистрирање на страната и апликацијата се чуваат согласно одредбите на Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Податоци кои се потребни при регистрирање за користење на мобилната апликација Challenger: корисничко име и е-маил на корисникот. 

Корисникот има податоци кои треба да ги пополни како задолжителни, а некои како доброволни. Задолжителните податоци треба да бидат пополнети за да може да му биде дозволена регистрацијата за да ја користи мобилната апликација Challenger.

Сите податоци кои корисниците ги пополнуваат при регистрирањето се собираат и се чуваат на страна на Грин ИТ ДОО, нема да се врши објавување и доставување на трети страни освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи во Република Северна Македонија. Сите податоци ќе бидат заштитени и ќе се чуваат согласно законските прописи.

Грин ИТ ДОО за јавната веб страна на Challenger и мобилната апликација Challenger ги презема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на корисниците со цел заштита од ризикот на неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Поединечните податоци на секој корисник од активностите овозможени преку мобилната апликација Challenger, се собираат само на неговиот личен профил кој самите корисници си ги креираат со корисничко име и лозинка. 

Податоците кои секој корисник на мобилната апликација Challenger може да ги види на својот кориснички профил се: вкупен број на поминати километри за цел период на користење на апликацијата, освоени  Challenger поени, колку CO2 е заштеден со користење на апликацијата, на која позиција е корисникот во однос на вкупниот број корисници по основ на поминати километри. Потоа, корисникот ќе има информација за поминатите километри во текот на една активност, листа на зделки кои може да ги замени за освоените поени, предизвици поставени од страна на тимот на Challenger, историја на поминати километри по активност и по денови.   

Грин ИТ ДОО во текот на постоењето на мобилната апликација Challenger, си го задржува правото да ги информира корисниците преку јавната веб страна на Challenger и преку мобилната апликација Challenger за воведени промоции поврзани со користење на мобилната апликација Challenger. Грин ИТ ДОО може со одредена кампања да одлучи да им даде одредени подароци на корисниците на мобилната апликација. Секоја кампања или промоција ќе биде дополнително ажурирана со правила за истата.

Со самото регистрирање на мобилната апликација Challenger, корисникот е согласен да биде информиран за тековните измени и новости за апликацијата и активности поврзани со мобилната апликација Challenger.

На јавната веб страна за апликацијата Challenger ќе бидат прикажани вкупниот број регистрирани правни лица, вкупниот број регистрирани корисници, вкупно исполнети предизвици, вкупно поминати километри, вкупна заштеда на емисија на CO2. Ќе бидат прикажани и најактивните членови по корисничко име во вкупен број поминатите километри. Корисникот се согласува да биде прикажан со своето корисничко име на јавната веб страна доколку се најде во листата на најактивни членови.  Личните податоци кои корисниците ги внесуваат при регистрација нема да бидат јавно објавени ниту достапни за другите корисници. Грин ИТ ДОО ги обработува податоците за секој корисник во однос на патеката на движење и поминатите километри и ги зачувува само поминатите километри како бројка. Сите останати информации се бришат и Грин ИТ ДОО не чува историски податоци за рутата на движење.

Заради заштита на личните податоци, имајќи предвид дека Грин ИТ ДОО нема да ги зачувува податоците за патеката на движење и истите ќе бидат веднаш избришани, корисникот ќе ги има на увид само автоматските пресметани Challenger поени.

Мобилната апликација автоматски врши собирање на вкупниот број поминати километри од активностите на корисниците и дава приказ на собрани Challenger поени од вкупниот број километри.

Преземање на мобилната апликација Challenger

За да се преземе мобилната апликација Challenger корисниците треба да  имаат активна интернет конекција – безжична интернет врска на мобилниот уред или истата може да биде и Wi-Fi конекција. 

Мобилната апликација е достапна на Google Play Store за Android мобилни уреди.

Собирање и точност на податоците 

Корисникот на апликацијата Challenger се согласува да ја користи мобилната апликација Challenger на сопствена одговорност за регистрирање и споделување на личните податоци. Корисникот е одговорен за секоја споделена информација на сопствена иницијатива и волја. Со прифаќање на условите на користење, ја искажува својата согласност дека под целосна морална, материјална и кривична одговорност ги прифаќа условите и потврдува за точноста на личните податоци кои се достапни.

Политика на приватност и заштита на личните податоци 

Грин ИТ ДОО на сите корисници на мобилната апликација Challenger им ја гарантира заштитата на лични податоци согласно одредбите на Законот за заштита на лични податоци.

Сите корисници, пред да се регистрираат за користење на мобилната апликација Challenger се должни да ги прочитаат условите за користење за истата  и со самото регистрирање на мобилната апликација Challenger да потврдат дека ја разбираат содржината и се согласни со политиката на приватност. Оваа политиката на приватност и заштита на лични податоци се однесува за содржината на јавната веб страна за проектот Challenger и за користење на мобилната апликација Challenger.

Бришење на податоците 

Сите профили кои корисниците ќе ги креираат, со завршување на проектот ќе бидат деактивирани и податоците ќе бидат заштитени согласно Законската регулатива.

Со деактивирање на профилот, корисникот нема да има пристап до мобилната апликација.

Доколку корисникот на своја волја ја деактивира мобилната апликација од својот мобилен уред и по одреден временски период повторно сака да ја користи, потребно е со истите податоци од првичното креирање на профилот да ја активира.

Корисникот може преку секцијата Управувај со своите податоци да побара целосно отсранување на своите податоци од серверите на Challenger. По комплетирањето на ова барање, корисничките податоци се целосно отстранети од нашите сервери.

Доколку корисникот го контактира тимот на Challenger за целосно да му се деактивира профилот и за следно користење на мобилната апликација, ќе биде потребно да креира нов профил со нова маил адреса. 

 

Останати права и обврски за користење на мобилната апликација  Challenger

Грин ИТ ДОО како носител на проектот Challenger е одговорна за податоците кои се наведени на јавната веб страна и го задржува правото согласно потребите да направи измени, дополнувања или да избрише некои податоци.

Секој корисник со самото регистрирање на мобилната апликација Challenger и активирање на свој профил за регистрирање на некои од активности за велосипедисти и пешачење се смета дека се согласува во целост со условите за користење и подразбира писмен склучен договор помеѓу двете договорни страни и истиот има правна сила на двострано потпишан договор.

Евентуалните спорови по овој Договор, договорните страни ќе се обидат да ги решат спогодбено, по мирен пат со претставници од двете договорни страни, а доколку тоа не е можно надлежен е судот во Скопје. Надлежниот суд во случај на спор ќе ги смета општите услови за користење како договор склучен помеѓу двете договорни страни. Доколку судот смета некоја од горенаведените точки како неважечка, тоа нема да влијае врз валидноста на која било друга точка од овие услови и ќе си останат во сила.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. ГРИН ИТ ДОО никогаш нема намерно да прибира и обработува лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.


Поставки и колачиња

Преференци