Ч.П.П

(често поставувани прашања)

  • Challenger функционира доколку имаш интернет на твојот мобилен телефон и имаш вклучено GPS локатор
  • Aпликацијата регистрира податоци преку машинско учење. Тоа значи дека самата апликација извршува команди без специфични инструкции, туку преку препознавање на шеми и донесување заклучоци. Затоа треба да помине време за да препознае премин од возило во пешачење, или пешење па возење точак. 
  • Eден километар пешки ти носи 2 Challenger ѕвездички
  • Еден километар поминат на велосипед ти носи 1 Challenger ѕвездичка
  • Акумулираните Challenger ѕвезди од поминатите километри може да ги користиш за добивање попусти 
  • Постојат два вида на предизвици на Challenger и тоа за пешачење и возење точак. 
  • На табот Дома, Challenger ти дава два вида на предизвици (пешки/на точак) и тука можеш да си го одбереш твојот омилен предизвик. …  можеш да одбереш само еден предизвик по категорија. 
  • Доколку го исполниш избраниот предизвик на Challenger  добиваш директна награда. Наградите се секогаш ограничени, затоа биди меѓу првите што ќе го исполнат.
  • Во Challenger продавницата можеш да најдеш попусти од многубројни локални бизниси.
  • Купонот за попуст кој си го преземал/а, треба да го активираш само кога ќе си физички во бизнисот за кој е наменет – купонот истекува за кратко време!
  • Со секој поминат километар собираш еко поени, а со нив се натпреваруваш на Challenger ранг листата.
  • Со Challenger можеш да видиш колку CO2 емисии се имаат намалено заради твоите активности.
  • На твојот Профил, во табот статистика можеш да провериш колку зелени километри имаш поминато денес и од моментот кога ја користиш Challenger

За можни технички потешкотии, провери ја оваа листа

Апликацијата не мери во реално време. Кога почнуваш да ја користиш притисни старт, а кога ќе завршиш стоп и скролни надолу, ќе ги даде сите информации. 

Обидете се да направите оптимизација доколку истото веќе не е направено.

Осигурајте се дека имате дозволено Challenger апликацијата да работи во позадина.

Проверете дали имате активна интернет конекција и вклучен GPS.