Polar Cape и нивниот успешно завршен прв тимски предизвик!

Тимот на Polar Cape тргна во мисија да го подигне тимскиот дух! Како? Преку организирање на интерен спортски натпревар, кои тие самите го именуваа многу креативно, и тотално во нивен стил – PolaRaces

Посебно ни е драго and we are melting, што за оваа цел тие одлучија да ја искористат Challenger – како алатка која ги визуелизира изминатите зелени километри на сите корисници, заштедените CO2 гасови и им ја овозможи шансата да се поделат во тимови, за сето тоа да биде уште позабавно! 

Зошто баш спортски натпревар? 

Полар Кејп се свесни за последиците од постојаното седење во место и немање доволно физичка активност. Како што велат oд тимот:

Овој проект ни овозможи да се видиме повторно, секако во границите на новата нормала, а притоа да се раздвижиме, да исполниме некој од дадените предизвици со што ќе освоиме поени за нас и за нашиот тим, кои пак ќе ни овозможат освојување на некоја интересна награда.

Дечките и девојките од тимот на Полар Кејп, го поставија својот личен предизвик кој започна во февруари, а траеше се до средина на јуни. Тие заедно поминаа 13.637 зелени километри, а со тоа заштедија 354.57 kg CO2.

Тие одбраа прекреативни имиња на своите тимови, и на нивниот персонализиран Dashboard, со ранг листи, можевме да ги видиме:

The Story Makers, Marvel’s Nine, Ridiculous 9, Ladies and Gentleman, Men Power, Mr. Dragon, Fantastic 8, Task Force X, Newbies, Charlie, and the Angels.

Секако дека овој предизвик носеше и награди за најдобар поединец, а тие обезбедија и награда за победничкиот тим.

И за крај, тимот на Полар Кејп препорачува:

На сите ни беше забавно целиот овој период, имавме шанса и да се видиме и да се подружиме а и да испиеме по некоја пијачка. Има интерес и за втора сезона предизвици, така да, од есен ќе почнеме повторно, особено повеќе со групните предизвици.

Сакате и вашиот тим да добие свој предизвик и персонализиран Dashboard? Тогаш пишете ни на info@challenger.mk, и ќе средиме 😍🏆