Запознајте го Crux :)

Crux е новиот бар за негување на здрави навики во нашиот град. Кога ќе влезете во овој локал имате чуство дека се наоѓате во мал Скандинавски локал за здрава храна. Потоа ќе ја здогледате Марија (сопственичка) која со својата топлина ќе ве освои, и искрено ќе ја сподели инспиративната приказна на Crux. Еве неколку работи кои Марија ги сподели за Challenger.

1. Crux во една реченица

Cool Relaxing Unique Xenial бар за негување на здрави навики.

2. Што е тоа што ве издвојува од другите места

“Тајните” состојки 🙂 Нашиот утрински ритуал на приготвување млеко од индиски ореви, кое го користиме во нашите производи. Путерот од кикирики и какао кремот.

3. Твојот омилен Crux производ?

  Багел во сите трите комбинации!

4. Вашите планови за иднината

Се стремиме кон тоа што повеќе продукти кои се користат во нашите производи да ги приготвуваме сами. Да го збогатиме менито со уште неколку Crux слатки и солени задоволства. Да не користиме пластика.

5. Што би им препорачале на Челенџерите?

Грижете се за себе, јадете здраво и зелено, спортувајте, смејте се и ширете позитивна енергија. Така најмногу помагате во зачувувањето на единствениот дом што го имаме. Ве предизвикуваме заедно да направиме посреќно, поздраво и попозитивно општество.