Запознајте ги Трафика Coffee Shop :)

1. Вашиот бизнис во една реченица

– Урбано кафе за носење

2. Што е тоа што го прави Вашиот бизнис единствен

– Различните вкусови во кои секој може да најде нешто за себе, сезонски променливото мени, шалтерскиот пристап за брза услуга, уникатната локација во центарот на градот.

3. Кои се плановите за во иднина? Што може да очекуваме?

– Продолжување на приказната на повеќе урбани локации низ градот, повеќе вкусови, секогаш квалитетно кафе и нови изненадувања.

4. Ваш производ кој мора сите да го пробаат 🙂

– Лате Орео

5. Што би им препорачале на Челенџерите

– Грижата за животната средина и нашето здравје треба секогаш да ни се приоритет. Промената тргнува од секој од нас, па секој обид, колку и да е мал прави разлика!