Oваа година се чини дека ќе биде година на нови вести 🙂 Во претходниот блог, ви најавивме дека наскоро следуваат новости, па овој блог ќe послужи да ви го претставиме новиот дизајн на Challenger, на кој работевме изминатите месеци. Уште денес може да направите ажурирање на апликацијата, и да уживате во новото корисничко искуство! Ако веќе сте направиле ажурирање, се надеваме овој блог ќе ви помогне да дознаете нешто повеќе 🙂
Зошто нов дизајн?
Како стартап се соочуваме со многу предизвици, но целта ни е да растеме и да се надоградуваме, со цел да изградиме голема еко заедница. Токму затоа ги слушавме и читавме препораките од нашите корисници и така почнавме да работиме на подобрување на дизајнот на апликацијата, а со тоа да придонесеме кон подобро корисничко искуство за сите вас. Се соочувавме со технички предизвици за кои континуирано бараме решенија, (stay tuned), но новиот дизајн придонесе кон решавање на дел од проблемите кои ни ги посочувавте, и на дел од нив сè уште работиме. Неизмерно сме ви благодарни на вашиот фидбек и сугестии, и секогаш ќе бидеме отворени за нови предлози со цел заедно да одиме напред кон подобро искуство и подобра услуга.
Додека работевме на влез на Challenger и на други пазари во регионот (за тоа малку повеќе во следниот блог) се наметна и потребата до воведување на дополнителни функционалности во склоп на апликацијата кои ќе ве поттикнат да се натпреварувате повеќе. Сигурно се запрашувате кои се тие, па еве ги редоследно:
Нов изглед на табот „ Дома“
Новиот изглед на табот „Дома“ ги вклучува следните функционалности
- Пристап до активни предизвици – оваа функционалност останува иста заедно со сите претходни информации, само што доколку сакате да одберете нов предизвик ќе треба да притиснете на копчето во десниот агол „Види ги сите“. Тоа значи дека повеќе не постои таб „Предизвици“
- Твојата статистика – Со цел да ве мотивираме повеќе да пешачите, трчате или возите велосипед, податоците од „Твојата статистика“ ги префрливме во „Дома“ за секогаш кога ќе ја отворите апликација, прво да ги видите вашите изминати километри и заштедени CO2 емисии.
- Во горниот десен агол, означено со иконата , може да видите кога последен пат биле преземени километри од постоечките сервиси на вашите телефони
Сега имате можност и за детален преглед на последно синхронизирани податоци со GoogleFit и AppleHealth за поминати километри. Само кликнете на полето „Изодени километри“ или „Извозени километри“ во секцијата „Твојата статистика“.
Освојувај беџови со новата функционалност
Решивме дека е време натпреварувачкиот дух да го однесеме на следното ниво па затоа воведовме освојување на различни беџови со цел да ги поттикнеме нашите корисници да се натпреваруваат на поинаков начин. Беџовите кои моментално може да ги освоите се следните:
Наскоро очекувајте и нови беџови за лични остварувања и предизвици.
Нов изглед на табот „Торбичка “
Вашите преземени купони и добиени купони за награди од завршени предизвици сега може да ги најдете во посебен таб „Торбичка“,со цел да обезбедиме поедноставно користење и видливост на истите.
Поголема достапност на апликацијата
Сега може да го промените јазикот на кој сакате да биде вашата апликација. Моментално се достапни три јазици: македонски, англиски и хрватски. Следната недела ќе биде достапен и албанскиот јазик.
Тековно работиме на воведување на дополнителни јазици, кои наскоро ќе може да ги одберете. Воедно ова е и мала најава за нешто навистина големо на кое работевме изминатиов период, so stay tuned 🙂