За Challenger - Challenger

За Challenger

Ајде заедно да изградиме заедница која ќе донесе промени во нашиот град!

Ние веруваме дека секој од нас може да допринесе кон намалување на загадувањето на воздухот и создавањето на подобра животна средина.

Нас ни е здосадено од загаден воздух, гужви во сообраќајот и нервозни сограѓани поради овие причини.

Затоа гo создадовме Challenger!

Challenger е мобилна апликација која го креира наративот дека ако пешачиш или возиш велосипед за тоа добиваш награди и признанија од заедницата.

Биди дел од решението, а не дел од проблемот и почни да ја користиш Challenger апликацијата уште денес.

Функционалности

Еве кратко објаснување

  • Превземи ја Challenger на твојот телефон
  • Креирај го својот профил
  • Почни да пешачиш/трчаш/планинариш или да возиш велосипед
  • Акумулирај километри кои ти носат еко поени и токени за попуст
  • Вклучи се на некој предизвик, и ајде заедно да се натпреваруваме. Биди првиот/та што ќе го исполни предизвикот и добиј награда
  • На крај искористи ги собраните поени да си обезбедиш попуст од нашата Challenger store . Заслужи попуст и сега искористи го кај некои од нашите бизнис партнери

Каде да ја превземам

Доаѓаме наскоро...