Речник - Challenger

Речник

Речник за апликацијата

Challenger - Мобилна апликација која има за цел да ја подигне еко свеста на луѓето преку возење на велосипед или одење пеш мотивирајќи ги со награди за изминатите километри 

Корисници

Секој корисник може да се регистрира на апликацијата преку својот Фејсбук профил или мејл. Регистрирањето се ивршува со помош на екран за регистрација кој се појавува при прво уклучување на апликацијата. Ако корисникот е веќе регистриран, почетниот екран на апликацијата е оној за предизвици.

Предизвици

Предизвиците (Challenges) се фокусот на апликацијата. Постојат два типа на предизвици

  • Предизвик за одење пеш
  • Предизвик за возење велосипед

Секој предизвик освен тип, има и период на валидност кога може да биде исполнет. Ако корисникот не успее да го исполни предизвикот во одредениот период на траење, тогаш тој предизвик останува незавршен, и корисникот нема да ја добие наградата предвидена од предизвикот. 

Ако корисникот е веќе  регистриран, по вклучување на апликацијата ќе биде пренасочен во секцијата на предизвици. Воедно до оваа секција може да се пристапи и со притискање на копчето Challenge кое се наоѓа на долната лева страна од екранот. Секцијата е поделена на три дела вертикално. Гледано одозгора надолу:

Walk Challenge

Во овој дел е прикажен активниот предизвик за пешачење, заедно со прогресот на корисникот за истиот. Со притискање на овој дел, корисникот може да одбере од листата на предизвици кој предизвик да биде активен за овој тип на активност. 

Напомена: Секој корисник може да има само еден активен предизвик по тип на активност. Со активирање на нов предизвик, постоечкиот ке биде суспендиран автоматски. Корисникот може да активира и суспендирани предизвици.

Bike Challenge

Во овој дел е прикажен активниот предизвик за возење велосипед, заедно со прогресот на корисникот за истиот. Со притискање на овој дел, корисникот може да одбере од листата на предизвици кој предизвик да биде активен за овој тип на активност. 

Напомена: Секој корисник може да има само еден активен предизвик по тип на активност. Со активирање на нов предизвик, постоечкиот ке биде суспендиран автоматски. Корисникот може да активира и суспендирани предизвици. 

StartStop копче

Во овој дел централно имаме тркалезно копче со чиешто притискање го активираме мерниот систем на апликацијата. Кога во копчето стои називот Start значи дека мерниот систем не работи и било која физичка активност нема да биде регистрирана. Кога во копчето стои називот Stop значи дека мерниот систем е во функција. При промена на активност апликацијата ќе извади мала нотификација што ја кажува која е активноста. Самата апликација препознава дали корисникот пешачи или вози велосипед и на база на тоа го распределува поминатото растојание на активните предизвици последователно. 

Напомена: Ако корисникот помине поголемо растојание од она предвидено за предизвикот, истиот ќе биде комплетиран а воедно ќе биде активиран и наредниот предизвик од листата на предизвици за тој тип на активност. Вишокот растојание ќе биде автоматски доделено на новиот предизвик. Новиот автоматски доделен предизвик, може да се смени во секое време со притискање на секцијата за тој тип на активност.

Challenger поени

Изминатите километри независно дали на велосипед или пешки се конвертираат во Чаленџер поени. Овие поени корисникот ги користи за да си одбере купони за попуст од Челенџер продавницата.

Напомена: Чаленџер поените немаат реална куповна моќ, туку служат за размена со купони за попуст кои корисникот сам ги одбира од Чаленџер продавницата.

Купони

Купоните се наградите кои апликацијата ги нуди за да ги мотивира корисниците да бидат еко активни. Истите можат да се добијат на два начина: 

  • комплетирање на предизвик
  • купување на купон од продавницата

Комплетирање предизвик

Секој предизвик може да содржи награда за негово успешно комплетирање. Наградата е дадена во форма на купон само во случај кога ќе се заврши предизвикот до крај. Добиениот купон може да се види во секцијата Wallet. Секој купен купон има рок на важност и мора да се искористи до тогаш.

Challenger Продавница

Секој корисник, за секое поминато растојание од било кој тип на активност, освен тоа што комплетира предизвици, добива и Челенџер поени. Добиените поени  може да ги размени за купони во продавницата. Купениот купон може да се види во секцијата Торбичка. Секој купен купон има рок на важност и мора да се искористи до тогаш.

Профилна страна

На профилната страна корисникот може да го види својот прогрес односно: 

  • Статистика за изминати километри, 
  • Активни резервираните кодови за попуст
  • Број на еко поени (ранк листа на суперхерои)
  • торбичката која покажува колку Чаленџер поени се преостанати
  • Листа со исполнети предизвици
  • Освоени беџови.

Еко поени

Еко поените се индикатор за доприносот што секој корисник го има дадено за еко системот во којшто движи. За разлика од паричките, еко поените неможат да бидат разменети или намалени. Ќе се користат за креација на leaderboards, и слични статистички цели.