СуперХерој #4 - Challenger

СуперХерој #4

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

СуперХерој #4

Претстави ни се во една реченица

Марјан од Скопје (26), ентузијастичен млад човек кој смета дека убавината на животот е во комбинирањето на успехот, личната среќа и задоволство на секој можен план.

Како изгледа твоето секојдневие?

Работно време во прва смена надополнето со спортување, дружење и излегување, повремени патувања како и активности поврзани со континиирано себенадградување.

Која е твојата животна мисија?

Мојата животна мисија би ја опишал како постојана потрага по нов предизвик, постигнување на лични цели како и внатрешната среќа.

Кое е твоето примарно превозно средство?

Имајќи ја среќата да живеам во централното градско подрачје, моето примарно превозно средство се моите нозе кои поминале безброј километри по скопските улици. Ова сето е надополнето со користење на велосипед, а во поретки случаи градски превоз или делење на такси/автомобил.

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

Би рекол дека неделно во просек поминувам околу 20тина км пеш и некои 20-25км на велосипед.

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?

Причините за користење на велосипед или движење пеш во градот се добро познатите: одржување на физичка активност која несомнено помага за здравствената благосостојба, грижа за мојот паричник и финансиите но и одличното чувство дека произведувам 0г CO2. Кога зборуваме за ладното време, првата моја помисла е поговорката која вели дека не постојат лоши временски услови туку само лоша облека. Не е воопшто тешко да се опремиме со капа, шал, ракавици, кабаница, браници на велосипедот, а за жал во зимскиот период и неопходната маска за заштита од загадениот воздух.

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена

Би ми било задоволство да се ги запознаам и да се вмрежам со луѓето кои размислуваат на ист или сличен начин!

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?

Го прифаќам предизвикот на Challenger заедницата, а вие?