СуперХерој #14 - Challenger

СуперХерој #14

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

СуперХерој #14

Претстави ни се во една реченица 

Гејмер, рекреативен планинар/ливадар, рекреативен кросфитер, фул тајм вегетаријанец.

Како изгледа твоето секојдневие? 

Станувам сабајле, пијам кафе и тргам пешки на работа, после работа одма на вежбање, и одмор, моментално поретко али сепак по некогаш преку викенд будење екстра рано за да се фати некоја тура на планина.

Која е твојата животна мисија? 

Да ги натерам луѓето да не гледаат тврдоглаво на работите, да се држат до издржани факти и аргументи, да бидат по отворени, и да не се поклонуваат на капитализмот и естаблишментот.

Кое е твоето примарно превозно средство? 

Пеш.

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед? 

Од 2 до 5 километри зависи од денот.

Што е тоа што те мотивира да возиш велосипед/пешачиш дури и кога е ладно? 

Не ми се даваат секогаш пари за такси, автобусите се ретки и преполни со луѓе, а самите линии не се добро поврзани, и плус нема потреба од палење кола кога знаеш дека негде стигнуваш за 15 мин. Слушалки на тебе и пешачењето е више друго, градот добива друга димензија и никогаш нема да заглавиш во сообраќај.

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена? 

Да.

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град? 

Да.