СуперХерој #13 - Challenger

СуперХерој #13

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

СуперХерој #13

Претстави ни се во една реченица 

-  Jас сум Филип Николоски, повеќе познат како Филип G6 поради мојот YouTube канал и Instagram профил. Имам 23 години и сум човек кој што собира и црпи животно искуство секоја прилика и секој ден.

Како изгледа твоето секојдневие? 

- Во принцип водам динамичен начин на живот. Се будам помеѓу 7 и 8 часот наутро, си подготвувам појадок, се спремам и заедно си мојот точак ги започнувам моите активности. Секој ден имам различен распоред со различни задачи, најчесто тоа се снимања, сликања, дружење со луѓе, разменување на искуства и многу, многу поминати километри.

Која е твојата животна мисија? 

-  Лично јас, сеуште сум во процес на пронаоѓање и креирање на себе си, со искуствата, со секојдневните предизвици, со се она кое што се соочувам ми помага да откријам кој сум, што сум и која е мојата мисија на овој свет.

Кое е твоето примарно превозно средство? 

- Дефинитивно мојот точак со кој што секојден патувам низ улиците на градот Скопје.

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед? 

- Порано знаев повеќе да пешачам за разлика од сега, но тогаш па не користев точак како мое примарно превозно средство па пешачев доста, но сега можам со сигурност да кажам дека со мојот точак неделно поминувам по 105 километри.

Што е тоа што те мотивира да возиш велосипед/пешачиш дури и кога е ладно? 

- Искрено ме мотивира тоа што на тој начин знам дека ќе бидам физички активен, што ќе потрошам некоја калорија плус а во исто време знам дека со тоа побрзо ќе стигнам на моите дестинации во тековниот ден и се разбира ќе го избегнам тој хаос од гужви во сообрајќај.

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена? 

- Се разбира. Секогаш сум отворен за запознавање на луѓе со сличен mindset како мене так што слободно секој што сака да ме запознае може да ме контактира на мојот Инстаграм профил: @filip.g6

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град? 

- Секако дека Да. Промената започнува од нас како поединци затоа е потребно сите да се вклучиме и да влијаеме да промениме нешто на подобро.