СуперХерој # 9 - Challenger

СуперХерој # 9

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

СуперХерој # 9

Претстави ни се во една реченица

- Претприемач и оптимист дека можеме да креираме подобро место за живеење околу нас.

Како изгледа твоето секојдневие?

- Станувам и најчесто не си доаѓам дома до 10 трудејки се да заразам што повеќе луѓе со идејата за подобар животен стил.

 

Која е твојата животна мисија?

 

- Сакам да бидам канал и можност луѓето да живеат поквалитетно.

 

Кое е твоето примарно превозно средство?

- Велосипед

 

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

- Велосипед околу 50, пешки околу 20.

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?

- Точно знам колку време ми треба од една до друга локација, во исто време возам и завршувам телефонски разговори плус не трошам дополнително време за кардио дел кога сум во теретана :)

Плус секогаш и секаде имам бесплатен паркинг :)

 

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена

- Имам

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?

- Прифаќам