СуперХероина #8 - Challenger

СуперХероина #8

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

СуперХероина #8

Претстави ни се во една реченица

- Јас сум Фросина, работам како Тим Лидер во Grouper.mk, сакам да возам точак и во слободно време уживам во цртање, crafting и вежбање. Со апликација како Challenger се надевам дека ќе станам лидер и во позитивни еко општествени промени :)

Како изгледа твоето секојдневие?

- По утринското будење, средување и кратко планирање на активностите, денот го започнувам со утринско возење точак до работа и доручек по возењето. На работа се обидувам секогаш да имам продуктивен ден и да ги завршам сите планирани активности. По работа ги завршувам останатите обврски и одам на тренинг. Вечерта ја поминувам дома или со пријателите.

Која е твојата животна мисија?

- Мисијата е тајна ;)

Кое е твоето примарно превозно средство?

- Велосипед

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

- Околу 100 км на точак.

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?

- Секогаш активно го започнувам денот со велосипед. Нема ништо подобро од чувствување на ветерот и сонцето наутро :)

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена

- Секако :)

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?

- Challenge accepted smiley