СуперХероина #3 - Challenger

СуперХероина #3

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

СуперХероина #3

Претстави ни се во една реченица

Јас сум Катерина Гоговска, љубител на животни. Имам 28 години и живеам во Скопје.

Како изгледа твоето секојдневие?

Во текот на работната недела, денот ми започнува со шетање на моето куче и штом ја завршам таа обврска, се качувам на точак и возам до работа. Викендите обично ми се исполнети со шетање во природа.

Која е твојата животна мисија?

Скопје да стане град во кој животните нема да страдаат по улиците, град во кој луѓето ќе се грижат и нема да ја загадуваат околината.

Кое е твоето примарно превозно средство?

Точакот

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

Околу 40 километри.

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?

Не учествувам во загадувањето на воздухот, го избегнувам градскиот метеж и пристигнувам на работа за 15 минути (stress-free).

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена

Да.

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?

Да.

Зошто ти веруваш во Challenger?

Има многу луѓе коишто сакаат да придонесат за поубаво и почисто Скопје, за почист воздух, но не сите се мотивирани, ниту пак знаат како да бидат дел од решението. Challenger е апликација каде што за секој поминат километар (пешки или на точак), ќе добивате поени и со тоа ќе освојувате награди. Ако ова не е доволно да ве мотивира, преку оваа апликација ќе можете да си поставувате предизвици со вашите пријатели и да се натпреварувате меѓу себе, а Challenger ќе биде тука да ве награди.