СуперХероина #18 - Challenger

СуперХероина #18

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

СуперХероина #18

Претстави ни се во една реченица 

- Eco not Ego smiley

Како изгледа твоето секојдневие? 

- Работа, зумба, па дома. Викендите на Водно smiley слободното време го користам максимално за себе и моите најблиски. Нема подобро од дружба во природа, нели? И секако добрата книга е неизоставен дел од моето секојдневие.

Која е твојата животна мисија? 

- Да го направам моето место на живеење подобро за сите и децата што ќе ги донесам на свет еден ден, да бидат пример и причина за нечија промена кон подобро. Никогаш нема да бидеме доволни само ние, ако не создадеме нови и здрави генерации кои после нас ќе ја продолжат мисијата за подобро утре!

Кое е твоето примарно превозно средство? 

-  Најчесто одам пешки, а јавен превоз користам само кога морам.

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед? 

- Околу 30 км на неделно ниво, одејќи само пешки.

Што е тоа што те мотивира да возиш велосипед/пешачиш дури и кога е ладно? 

- Кој си носи чадорче не наврнува, си поминува, не настинува - понекогаш детските песнички имаат подлабоки пораки од што мислиме, а дождот и снегот никогаш не треба да бидат изговор да не излеземе надвор. Тоа што знам дека пешачењето го чува моето здравје, го оддржува и подобрува физичкиот изглед, го брка стресот од мене и го зајакнува мојот имунитет, е повеќе од само мотив, тоа е начин на живот. А во ладните денови, музиката е секогаш добар начин да се "стоплам".

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена? 

- Дефинитивно.

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град? 

- Со задоволство го прифаќам овој предизвик.