СуперХероина #11 - Challenger

СуперХероина #11

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

СуперХероина #11

Претстави ни се во една реченица

  • Здраво, јас сум Ана и пробувам да го намалам мојот carbon footprint.

Како изгледа твоето секојдневие?

  • Денот ми почнува околу 6 часот и гледам на работа да стигнам околу 9 часот. Доколку имам повеќе време, тргнувам пешки на работа и ми требаат отприлика 45 минути за да стигнам. Доколку се брзам доаѓам со автобус/такси. За враќање дома е истата процедура, меѓутоа за сите други обврски гледам да пешачам.

Која е твојата животна мисија?

  • Цел ми е да намалам со секаков тип на загадување на околината. Би рекла дека, сега за сега, најголеми проблематични точки ми се патувањето и јадењето единечно спакувани во пластика чоколатца. Успеав да се откажам од ќеси и шишиња, а не нарачувам храна.

 Кое е твоето примарно превозно средство?

  • Најчесто се движам пешки, не знам да возам автомобил/велосипед.

 

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

  • Не сум мерела, меѓутоа мислам дека поминувам барем 30 километри на неделно ниво.

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?

  • Самото активност, како и шансата да не загадувам се дефинитивно најголемите мотиватори. Секако, шансата да не трошам толку пари на превоз доаѓа како бонус.

 

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена

  • Викаат дека силата е во бројките, меѓутоа не мислам дека познавање на конкретните индивидуи ќе ми направи разлика. Доволно е да знам дека бројот на свесни граѓани се зголемува.

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?

  • Bring it on.