СуперХероина #10 - Challenger

СуперХероина #10

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

СуперХероина #10

Претстави ни се во една реченица

- 29 годишен авантурист, точакољубец, поборник за животната средина и функционален аналитичар во MEDIAGENIX.

 

Како изгледа твоето секојдневие?

- Утрото го започнувам со свежо цеден сок со мед или овошен шејк, потоа подготвувам здрав оброк за на работа за мене и сопругот и тргнувам на точак низ скопската џунгла. Работното време го поминувам на состаноци и правејќи софтверски анализи за потребите на клиентите. Попладнето вообичаено го исполнувам со вежбање, трчање, јога или дружба со пријателите, а навечер некоја добра серија или филм на Netflix. Викендите во последно време ги поминувам некаде на планина или во природа на чист воздух со друштво или добра книга.

 

Која е твојата животна мисија?

- Мојата мисија е да внесам што повеќе среќа во мојот и во животите на другите, да помогнам во подигнување на свеста за проблемот со загадувањето и начините на кои може да се помогне, и да поттикнам што повеќе луѓе да се грижат за себе и за околината.

 

Кое е твоето примарно превозно средство?

Велосипед.

 

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

- Зависи од неделата smiley Она што не се менува е дека возам велосипед до работа и назад секој ден околу 5 километри, потоа во зависност од тоа дали излегувам или не, може да извозам уште толку. Во последно време поминувам околу 20км пешки и преку викенд.

 

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?

- Избегнување на гужвите. Најлесно е да се заглавиш со автомобил низ град кога е врнежливо или ладно, додека пак со велосипед пристигнуваш речиси три пати побрзо, додека автомобилите стојат заглавени во гужвата.

 

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена

- Апсолутно. Би сакала да ја запознаам целата таа заедница бидејќи заедно би можеле да направиме поголема промена.

 

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?

Да!

Зошто ти веруваш во Challenger?

- Јас верувам во Challenger бидејќи сметам дека вистинскиот предизвик или награда може да  делуваат мотивирачки кај многу луѓе да спортуваат и да водат здрав живот, а при тоа истовремено да имаат придонес кон подобрување на заедницата, подобрување на животната средина и зачувување на природата.