СуперХероина #1 - Challenger

СуперХероина #1

Серијал за нашите СуперЕкоХерои

СуперХероина #1

Претстави ни се во една реченица

Здраво smiley Јас сум Тина од Скопје, сакам патувања, зеленило и пешачење уз добра музика.

Како изгледа твоето секојдневие?

Се будам на изгрејсонце скоро секое утро, си го местам чергичето за јога и се поздравувам со сонцето. Во утрата уживам максимално, за мене тоа е убавиот дел од денот. Потоа одам пеш до работа, а за назад гледам да го фатам зајдисонцето. Денот ми поминува без брзање, уживам речиси во секој негов "кадар".

Која е твојата животна мисија?

Мојата животна мисија е да го видам изгрејсонцето од што е можно повеќе точки на планетава. Африка посебно. Не сум била никогаш, ама се надевам дека некогаш ќе ја доживеам почетната сцена од Кралот Лав.

Кое е твоето примарно превозно средство?

Примарно превозно средство ми е одењето пеш, додека секундарно ми е "големиот црвен автобус ". За подолги релации, бирам воз.

Колку километри неделно поминуваш пешки или пак на велосипед?

Јас сум еден примерок од ендемските видови на луѓе што не знаат да возат точак. Но затоа го шијам градов пеш. Дневно пешачам... па зависи, од 5 до 12 километри, зависи од временските услови и дневните обврски.

Што е тоа што те мотивира да возиш точак/пешачиш дури и кога е ладно?

Слободата на движење и малкуте убави глетки што останаа во градов. Кога е магливо и загадено на пример, се возам со автобус.

Имаш ли желба да дознаеш, или пак да ги запознаеш луѓето кои исто како и ти сакаат да направат промена

Искрено, во пешачењето уживам сама, но убаво би ми било да знам дека постојат и други "талкачи" што не се во гужви и брзаници, и го уживаат скриените пешачки бисери што ги нуди градов.

Го прифаќаш ли предизвикот да станеш дел од Challenger заедницата и заедно да донесеме промени во нашиот град?

Count me in!