Нова недела, ново интервју! Но овој пат од поинаков карактер. Запознајте се со нашите партнери Polar Cape, кои се дел од нашиот проект Challenger@Work! Дознајте повеќе за нивните почетоци како компанија, како и за големиот број тимски активности кои ги прават на годишно ниво. Но не само тоа! Ќе можете да прочитате повеќе за нашата соработка и како Challenger им помогна на вработените да ја продолжат дружбата. 🤩
Претставете ни ја накратко POLAR CAPE!
Polar Cape e IT компанија, основана во Стокхолм, Шведска во 2010 година. Веќе во 2011 година се отвораат канцелариите во Македонија, најпрвин во Скопје, со идеја тука да се работи развивање на софтвер. Низ годините, работиме со најразлични технологии и развиваме голем број на софтвери за наши шведски, норвешки и британски клиенти, во индустрии како медицина, телекомуникации, логистика, финансии итн. Минатата 2021-ва година, ги отвораме канцелариите и во Битола. Во 2019 година, преоѓаме бројка од 100 вработени и истото го одбележуваме со одлична забава и kick-off во Дубаи. Веќе следната година, пандемијата за нас носи исклучителен раст на клиенти, со тоа почнуваме брзо да растеме и со бројот на вработени во Македонија. Моменталната бројка на вработени на групациско ниво брои 165 вработени, од кои 129 се дел од македонската канцеларија.
Што ве поттикна да почнете да ја користите Challenger@Work?
Пандемијата за нас го смени целокупниот начин на функционирање. Бидејќи немавме услови за организирање на настани со физичко присуство, кои беа многу чести пред пандемијата, моравме да работиме на изнаоѓање на креативни решенија преку кои би можеле на безбеден начин да продолжиме да се дружиме и забавуваме. За таа цел, во март 2021-ва година дојде идејата за Polar Races натпреварот. Во времетраење од четири месеци, се натпреварувавме во тимови, со број на изодени чекори, километри поминати на велосипед или пешки и со индивидуални предизвици кои ни додаваа поени. Ја одбравме Challenger, за да ни помогне во сметањето на изодени чекори и поминати километри.
Какви беа првичните реакции на вработените? Колку од нив активно се вклучија и кој тип на активност најмногу ја практикуваа?
Во натпреварот Polar Races се вклучи целата компанија. Сите колеги ја инсталираа Challenger и ја користеа при секое спортување, пешачење, возење велосипед и вежбање. Реакциите беа позитивни од сите колеги и доказ за тоа е и користењето на оваа апликација и за следната сезона на Polar Races, која се одржа истата година во периодот од октомври-декември.
Дали поставивте и корпоративни предизвици и кои беа тие?
Секој понеделник, поставен ни беше корпоративен предизвик. Некогаш тоа беше најдолго време држење пленк, некогаш беше потребно да направиме одредена комплицирана јога поза. За исполнување на предизвиците доставувавме слики или видеа и придонесовме за забава на другите колеги кои ги гледаа нашите неуспешни обиди за исполнување на предизвикот. 😊
Колку вкупно километри поминаа вработените и колку CO2 емисии заштедија?
Во првата сезона на Polar Races, вработените поминаа 13.637km и заштедија 354.54kg CO2.
Кои се според вас најголемите придобивки од користењето на Challenger@Work за вашиот тим и компанија?
Challenger е исклучително user-friendly апликација. Сите колеги лесно се снаоѓавме во нејзиното користење, но и навистина многу ја олесни работата на организаторите на натпреварите со извештаите и статистиката која ни ја дава. Лесно водевме евиденција за секој натпреварувач и значително брзо ги прогласивме победниците по затворање на натпреварот.
Кои други активности или програми ги спроведувате во грижата за вашите вработени и за животната средина?
Polar Cape е компанија која е основана со цел поголема грижа за вработените. Она што ни е многу важно е грижата за здравјето на вработените. За таа цел, нудиме бенефиции за спортување, учествуваме на маратони и трки, имаме фудбалски и кошаркарски тим. Истовремено, сакаме да се приклучиме на секоја иницијатива која придонесува за животната средина. Пред извесно време, учествувавме во иницијативата за садење на багремови дрвца, каде 13 вработени од Polar Cape засадија 1500 дрвца. За награда си добивме и багремов мед. 😊
Дали и понатаму ќе продолжите да ја користите Challenger@Work?
Со оглед на позитивното искуство со Challenger низ двете сезони на Polar Races, дефинитивно ќе биде нашата go-to апликација за организирање на следни спортски натпреварувања и предизвици. Нашите колеги секако продолжија да ја користат и по натпреварувањата, што доволно зборува за придобивките кои ги имаме од нејзиното користење.