Oвој месец прославуваме три години од постоењето на нашиот стартап, па токму по тој повод сакаме да го запознаете целиот наш тим. Овој серијал го започнуваме со Теодора (нашата Доде) која воедно „кривецот“ за постоењето на оваа идеја. Ја прашавме Доде за почетоците, предизвиците, тимот, научените лекции и каде ја гледа Challenger во иднина. Enjoy it 🙂
Од кога си дел од тимот на Challenger и која е твојата позиција?
Јас сум првиот член на тимот Challenger, и идејата си ја носев од 2017та година. Потоа му ја раскажав на Стефан, уз ладно пиво, и заедно отидовме на Старт ап викендот, во 2018. Јас имав многу трема да ја раскажам пред луѓето таму, ама затоа Стефан растури 😀 На тој настан, коцките се наредија и си ја запознавме Оља, а потоа и останатиот дел од тимот. Инаку немам официјална позиција која можам едноставно да ја именувам и објаснам, ама претежно техничка и поддршка на корисници, тестирање и асистент на Оља кога и треба некој креативен brainstorm, да склопиме по некој pitch или да се придружам на некој состанок со клиенти. 😊
Апликацијата е активна од 2018 година. Како ги памтиш тие први месеци?
Памтам дека бев премногу возбудена, за секој нов дизајн, mockup што го правевме за Challenger, стануваше се пореално и пореално, постојано раскажував на сите за што се спрема, па како ќе изгледа, па како ќе функционира…знам дека многу убаво си поминав на старт ап викендот, и постојано ги прегледував видеата и сликите што се вртеа по фб, 😊 којзнае колку сум им досаѓала на блиските кога сум им раскажувала за апликацијата. Имавме многу состаноци, brainstorming сесии, постојано бевме седнати на кафе во Винил и нешто работевме. Fun times! 😊
Кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте како тим во изминатите 4 години?
Па би рекла недостигот на време и енегрија ни се најголеми предизвици. Сите сме вработени со полно работно време во други фирми, а на страна од тоа го работиме Challenger.
Кои според тебе се најсилните страни на Challenger тимот кои ви носат успех во работењето?
Сите сме различни, со комплементарни вештини, научени на работна етика, вредни. Има позитивна енергија во тимот, inside jokes и секогаш има доста продуктивни дискусии. Во тимот секогаш имало меѓусебно разбирање… така да сите овие работи, не донеле онаму кај што сме денес. 😊
Кои беа најголемите предизвици за тебе лично?
Имавме доста стресни периоди, рокови, workload и јас лично имав период кај што ми беше too much … тогаш морав малку да успорам, и да го променам темпото на работа. И тука би го спомнала она ‘If you get tired, learn to rest, not to quit’, како една мантра која мене доста пати ми се има најдено. 😊
Кои се плановите за во иднина за Challenger?
Јас најмногу би се радувала кога би ја донеле Challenger на ниво на кое одсекогаш ја имав замислувано. Да биде платформа каде секој корисник ќе сака да се идентификува себеси како член на Challenger заедницата, секој да бид горд Challenger. Заради тоа работиме многу напорно да освоиме други пазари надвор од Македонија, да донесеме дополнителни фукнционалности и да ја покренеме свесноста на бизнисите за тоа колку нивната вклученост во општествено одговорни активности е битна.
Кој совет би им го дал на други млади претприемачи кои се подготвуваат да лансираат свој производ/услуга на пазарот?
- Не се откажувајте, лансирајте го вашиот продукт со основни функционалности – не го комплицирајте од самиот почеток. Слушајте ја вашата таргет публика, земете го целиот фидбек кој ви го даваат и искористете го да го надградите продуктот понатаму.
- Држете се со тимот, пружајте си меѓусебна поддршка, и бидете спремни дека секогаш ќе има некој кој ќе ве критикува. И тогаш запамтете дека ВИЕ нешто сте направиле, додека тие се што постигнале е да напишат коментар од удобноста на својот дом. 😊
- А пред да лансирате, зборувајте за вашата идеа, истражувајте, учествувајте на разни настани, остварувајте контакти, бидејќи никогаш не знаете каде и кога ќе го сретнете вашиот dream team! 😊