Од утре бирам велосипед , а ти? - Challenger

Од утре бирам велосипед , а ти?

Информативни блогови

Од утре бирам велосипед , а ти?

Сите се прашуваме како да си го подобриме начинот на живот, здравјето и да се ослободиме од секојдневниот стрес. Одговорот е многу едноставен, започни да возиш велосипед, (а ако немаш еден дома, купи го во најбрзо време, или позајми од пријател :) )

Кога ќе ја почуствуваш таа слобода која ти ја нуди велосипедот тогаш сфаќаш дека нема подобро превозно средство од велосипедот, независно каде ќе одиш.  Многу важно е дека не зависиш од семафори, не загадуваш, а дополнително ти го подобрува квалитетот на живот. Се прашуваш кои се придобивките? 

Еве неколку од нив:

  1. Ја подобрува работата на срцето. 

Ова одржливо превозно средство на две тркала помага во намалување на крвниот притисок дури до 30%. Докажано е дека возењето велосипед го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Возењето велосипед претставува комплетна „вежба“ за вашето срце, крвните садови и oвозможува подобар и поквалитетен сон

  1.  Сон како на бебе, а концентрација како на Елон Муск

Возењето велосипед ве снабдува со енергија во текот на денот и воедно гарантира дека ќе спиете како бебе во текот на ноќта. Квалитетниот сон е еден од клучните фактори за одморено тело и ум, свеж изглед и ослободување од вишокот килограми. Ја зголемува концентрацијата и ја стимулира работата на мозокот, со тоа што  возењето велосипед ве ослободува од утринската „замагленост“ на умот веднаш по будењето. Додека возите, добивате шанса да си ги подредите мислите и да го спречите „блокирањето“ на мозокот.

  1. Помага при намалување на тежината 

Ако целите кон тоа да се ослободите од вишокот килограми, возење велосипед е вистинскиот начин.

  1. Се чувствуваш среќно и со поголема самодоверба. 

Само 30 минути возење велосипед дневно ти се потребни за да си го зголемиш нивото на енергија.Како и секоја друга физичка активност, така и возењето велосипед ве исполнува со чувство на задоволство. Ослободувајќи ги „среќните хормони“ серотонин и допамин, кои придонесуваат да останете среќни.  Докажано е дека со секојдневно и континуирано возење се лачат хормони кои ви создаваат чувство дека може да го освоите светот!

  1. ChallengerАpp 

Тука е првата мобилна апликација која те наградува за секој поминат километар со велосипед. Епа сега навистина вреди да се потрудиш да возиш велосипед ;) Ако си за, ајде тогаш уклучи го Challenger и поминувај километри, па да се сретнеме во некој од локалните кафичи. Ако ја немаш апликацијата, остави го твојот мејл тука и ќе ти испратиме пристап.

Токму заради сето ова јас од утре бирам велосипед наместо автомобил. Ќе ми се придружиш?… Едвај чекам :)

Challenger community се гледаме :)