Ноември беше месецот на Challenger :) - Challenger

Ноември беше месецот на Challenger :)

За Challenger

Ноември беше месецот на Challenger :)

Каков месец беше ова?! Никој од нашиот тим не претпоставуваше дека ноември ќе биде месец кадe исполнивме дел од нашите milestones, кои на моменти ни се чинеа како недостижни. Кога ќе се завртиме позади себе, ни се врти реченицата на нашите ракометари на телевизија: „Леле луѓе што направивме„ laugh  Епа на кратко изминатиот месец ова ни’ се случуваше:

1. Го направивме првото Challenger промо видео. Снимавме цел ден и успеавме да ги почуствуваме сите четири годишни времиња во еден ден (магла, прекрасно сонце,силен ветар и на крај дожд) Незаборавен ден беше тоа за сите нас. Ова е резултатот од тој ден и прекрасната соработка со дечките кои ни го правеа видеото. Наскоро доаѓа и македонската верзија на видеото.

П.с Чекаме коментари како ви се чини :)

2. Challenger тимот ги доби своите 5-минути на овогодинешниот самит организиран од Macedonia2025. Добивме можност да ја раскажеме нашата приказна и да се запознаеме со бизниси кои се надеваме ќе станат наши бизнис партнери

3. Добивме поддршка и партнерство со 15 бизниси кои станаа дел од Challenger заедницата. Наскоро ќе ве запознаеме со нив :)

4. Изградивме заедница од 2200 луѓе на социјалните медиуми. Ајде заедно да направием декември да биде уште поуспешен, затоа поканете ги своите пријатели да ни се приклучат и го заследат Challenger

5. Снимивме прилози со прекрасни огранизации со кои делиме иста цел, мисија и вредности: Вело училишта, Еко Баланс, Meleem и Brainster. Наскоро ќе ги видите резултатите од тие прилози/интервјуа. Запознавме одлични луѓе, имавме супер дружба и продуктивни разговори.

6. Ги раскажавме приказните на 9 локални СуперЕкоХерои. Ние сме премногу горди на овие луѓе, а ако вие имате некој да ни предложите слободно пратете ни мејл за да ги објавиме нивните приказни

7. Бевме дел до BetaHouse Pitching Session во Скопје во конкуренција со 7 други локални бизниси. Ова беше уште еден pitching competition каде што добивме позитивен фидбек и поддршка од присутните, а и многу научивме

8. Добивме стипендија од WomeninTech да бидеме дел од првиот Womenpreneurs Bootcamp во Скопје. Бевме опкружени со жени претприемачи кои се стремат да направат промена во нашето општество и да ги срушат сите предрасуди. Убаво е да си опкружен пет дена со вакви силни жени

9. Challenger Бета 1.0 ја одобрија на play store :)))) Епа чекавме 72 часа, а ни се чинеше дека чекаме цела вечност. Како што кажа Стефан, вака не го проверував мејлот кога чекав дали ми доделиле стипендија.

10. Challenger Бета 1.0 се тестира со 100 корисници. Мораме да признаеме воопшто не е лесен процес, ама многу учиме заедно со нашите 100 корисници. Премногу сме благодарни што не разбираат и учат заедно со нас. Да не заборавиме имавме фантастичен крај на месецот, на 30.11.2019 се освоија и првите награди со исполнување на зададените предизвици :)))

Кога ќе ја погледнеме целата оваа листа сфаќаме колку бил овој месец важен за нашиот тим и развојот на Challenger. Oвие достигнувања се  дополнителна мотивација да продолжиме понатаму заедно со сите вас, затоа што без ваша поддршка, коментари и сугестии нема да ја достигнеме нашата заедничка цел.

Затоа TURN YOUR HUMAN POWER ON и да ја завршиме оваа година со уште поуспешни приказни :)