Нашата суперхероина Весна креативно го поминува времето по дома

Нашата Весна, воедно и супер хероина бр.10, раскажа што е она што и помогнало периодов да седи дома и кои се они работи кои ќе продолжи да ги прави и по завржување на оваа ситуација. Прочитајте повеќе и инспирирајте се!

Како се навикна на новонастанатата состојба да седиш дома? 

За мене беше многу необична адаптацијата да бидам постојано дома, особено во период кога штотуку се преселив во нов дом, па научив дека не ти се потребни многу работи за да најдеш занимација, хоби и креативни начини на дружење.

Што е тоа што те мотивира овој период?

Она што ме мотивира овој период е сплотеноста на луѓето, поддршката за најзагрозените и оние кои се грижат за нив и сите необични начини кои ги наоѓаме за да бидеме заедно и да го издржиме и овој период.

Што откри/дозна/спозна овој период додека си дома? 

  • Дека телефонскиот/интернет повик значи многу, особено кога мораш да си одделен од другите. Во овој период се трудам што повеќе да ги контактирам тие што ми се блиски, особено родителите и баба ми.
  • Дека кога работите ќе се вратат во нормала, треба да одвојувам подеднакво време на читање книги.
  • Дека обожавам да готвам и експериментирам со рецепти и дека не е толку тешко да се планираат оброци.

Како го поминуваш сега слободното време, а да не си во природа со точак, на трчање,планинарење? 

Читам книги, вежбам три пати неделно со Даниел од Мој тренер, Netflix, слагалици и прошетки низ парк секој пат кога можам.

Што имаш да им препорачаш на нашите Challengers и на сите останати граѓани? 

Бидете силни и издржливи бидејќи и ова ќе помине и евентуално животот ќе се врати во нормала. Одмори се дома, јави се на сите што ти недостигаат и чувај се себе и другите околу тебе.