Најбрзо се стигнува со…. - Challenger

Најбрзо се стигнува со….

Колку често ти се случило да размислуваш како најбрзо да стигнеш од точка А до точка Б

Најбрзо се стигнува со….

Колку често ти се случило да размислуваш како најбрзо да стигнеш од точка А до точка Б. Ако се уште се немаш одлучено кое е најбрзото превозно средство (освен ракетите и авионите) ние имаме идеја и тоа со реални примери ;)

  • Најбрзо се стигнува низ град со точак или електричен тротинет! Пробано, сторено, препорачано!
  • Возењето точак е забавно и здраво (еве ги и причините) кога ќе почнете активно да го користите секоја друга алтернатива на транспорт ќе ви биде чудна! Дури и кога врне, можете да си најдете опрема која ќе те заштити од дождот. На крај не заборавај не си од шеќер да се стопиш, туку носи си резервни алишта со тебе, или позајми ако си заборавил/а
  • Како што вели Теодора од Challenger не постојат лоши временски услови , туку лоша облека
  • Стануваш локален херој бидејќи влијаеш на намалување на загадувањето на воздухот. (сите се жалиме дека не се дише, епа не биди дел од проблемот туку од решението заедно со Challenger заедницата)
  • Нема нервози ;)  Повеќе го нема моментот “еееј пак ли нешто се случува, пак ли ваква гужва? Нема дремење во место и губење на време. Можеш секаде да поминеш, па дури и по пат ќе си видиш некој познаник/познаничка што не си ја видел милиоооoooн години
  • Нема главоболки дали има паркинг или не. Повеќе го нема проблемот пратив ли порака да ја пријавам колата за паркинг (нема повеќе казни на ретровизорот кои го расипуваат денот)
  • Многу важно, штедиш пари, а затоа не си свесен/а. Епа дечки нема веќе трошоци за такси, кола, паркинг, казни и сл. Најважно од се се заштитуваш себеси од непотребни нервози!

Ете решение на проблемот и прашањето што не прави сите нервозни. Затоа трк до најблиската продавница, земи си купон од Challenger store за попуст и купи си нов точак или електричен тротинет, или пак добиј попуст за  поправка на стариот точак, кој е заборавен некаде во гаража или подрум. 

Ем штедиш време, ем стануваш дел од Challenger заедницата која носи промени во твојот град. Забавно нели?