Како поминаа корисниците во првата затворена тест верзија - Challenger

Како поминаа корисниците во првата затворена тест верзија

Challenger низ призмата на своите корисници

Како поминаа корисниците во првата затворена тест верзија

Првата тест фаза доаѓа при крај. Додека трае процесот на отстранување на последните багови (технички грешки), решивме да го споделиме искуството на 5 (пет) сегашни корисници. Ние им поставивме неколку прашања, а ова беа нивните одговори:

Што е тоа што ти се допаѓа кај Challenger?

  • Златко: Поените даваат желба за конкуренција!
  • Елена:  Концептот да се движиш за попусти
  • Ајхан: Физичка активност, здраво тело, кондиција и допринос за почиста животна околина (без употреба на автомобил)
  • Пепи: Целосната идеја за Challenger
  • Сандра: Наградите и предизвиците

Колку награди освои?

  • Златко: 1 (Една, ама вредна)
  • Елена: 5
  • Ајхан:  8
  • Пепи:  3
  • Сандра 5

Што имаш да им препорачаш на идните корисници?

  • Златко: Да пешачат почесто
  • Елена:  Не заборавајте да ја вклучите апликацијата, макар и само за до продавница
  • Ајхан: Активно вклучете се, кориесно е како за вас самите така и за околината
  • Пепи: Користете го Challenger  колку што можете повеќе и препорачате ја на вашите пријатели
  • Сандра: Ништо не е совршено

Која беше твојот омилен баг (техничка грешка) ;))

  • Златко: Пешачењето го мереше како велосипед :)
  • Елена: Додадените километри :)
  • Ајхан: Ресетирање на километрите
  • Пепи: Кога ќе ти крашне 6 пати во минута ;)
  • Сандра: Кога не ме регистрираше кога возев точак, иако возев со голема брзина :)

Ова се само дел од нашите корисници, а другите се зафатени со користење и тестирање на апликацијата wink

Наскоро ја лансираме отворената тест верзија за 2.000 корисници. Ако го немаш оставено твојот мејл, тогаш направи го тоа на следниот линк, и ние ќе те известиме веднаш чим ја лансираме Challenger heart