Нашата супер хероина бр.3 ни раскажа како го прифати овој предизвик на седење дома и која е нејзината мотивација да продолжи да го прави тоа периодов. Прочитајте го нашиот разговор со Кате.
Како се навикна на состојбата и седењето дома?
Со оглед на тоа дека сум доста активна и често гледам да не седам затворена дома, се уште не сум навикната на состојбата.
Што е тоа што те мотивира овој период?
Мотивација да седам дома ми е самата помисла дека не загрозувам нечиј живот. Мотивација ми се звуците на природата и чувството дека со седењето дома, природата си се обновува.
Што откри/дозна/спозна овој период додека си дома?
- Човек јаде и кога не е гладен.
- Колку серии може да се изгледаат во еден ден.
- Колку книги може да се прочитаат дур си дома.
- Колку многу рецепти за готвење има на интернет, а јас пак не се нафатив да зготвам нешто.
Како го поминуваш сега слободното време, а да не си во природа со точак, на трчање,планинарење?
Работам од дома и среќа имам миленик, така што можам да излезам на кратко и да го прошетам за време на карантинот. Читам книги и гледам серии, а играме и друштвени игри по дома.
Што имаш да им препорачаш на нашите Challengers и на сите останати граѓани?
Да бидеме солидарни едни спрема други и да останеме дома. Пикнете се под ќебе, направете си пуканки и пуштете си некое добро филмче или серија, прочитајте некоја книга, започнете некој курс online, вдомете си милениче и помогнете онаму каде што е потребна помош.