Како што забележавте претходните недели ја пуштивме Challenger во отворена бета верзија за Android и iOS. Во текот на користењето и во комуникација со нашите први корисници се соочивме со проблеми во точноста во прикажување на километрите поминати на точак. Бидејќи нашиот тим сака да понуди единствено корисничко искуство без проблеми, одлучивме првата верзија на Challenger да ги наградува корисниците за поминати зелени километри пешки или при трчање. Зелените километри поминати на велосипед ќе бидат вклучени во некоја наредна верзија, со цел да најдеме најдобро техничко решение.
На кратко, повеќе детали околу проблемите со кои се соочивме во Challenger бета:
- Challenger не е трекинг апликација, односно самата не ги мери поминатите километри, туку ги презема километрите од веќе постоечки сервиси – кои се специјализирани во оваа област.
- За Андроид: користиме Google Fit API (дури и да немаш инсталирано си доаѓа како составен дел од Play Services). Google Fit препознава активност (пешачење, трчање, велосипед) и мери дистанца. Со самото отварање на мобилната апликација Challenger – таа автоматски повлекува км од Google Fit . Периодов Google Fit одлично мери км поминати пешки, но км поминати на точак ги прикажува само како Move minutes и од тука потекнува нашиот проблем.
- За iOS: Исто и за иос, сите вредности се преземаат од Apple Health апликацијата. Таа автоматски мери пешачење, но нема поддршка за автоматско мерење на велосипед без помош на екстерен уред или апликација. Само треба да ја отвориш Challenger и таа автоматски повлекува км од apple health. Пример ако имаш споен Apple Watch, тој има автоматско препознавање на активности и ќе те праша дали возиш велосипед. Во тој случај вредностите ќе бидат запишани во Apple Health и достапни за Challenger. Било која апликација што се врзува со Health апликацијата ќе работи, како за пример Strava или Garmin. Ова значи дека, доколку не користите екстерна апликација, која ќе ја поврзете со Apple Health, вашите километри поминати на точак нема да бидат впишани. И ова е нашиот друг проблем.
Поради горенаведеното, со првата верзија која ќе ја лансираме следната недела, ќе собирате поени од зелените километри поминати во пешачење или трчање.