ChallengerДома iOS – Корисни совети како да ја користиш

Драги наши,

Не ни се верува дека го исполнивме предизвикот кој си го зададовме и за само 15 дена успеавме да ја создадеме ChallengerДома. Ви благодариме што ја инсталиравте, а доколку се уште не сте го направиле тоа, направете го уште денес.

За сите iOS корисници Ви пишуваме

Чекор 1: Спушти ја апликацијата на твојот телефон – повели линк

Чекор 2: Направи го својот профил. Доколку не ти стигнал мејлот за верификација провери дали случајно ти пристигнал во spam/junk/promotions фолдерот од твојот емаил. Доколку повторно имаш проблем, логирај се преку Facebook или со преку твојот Apple Account.
Доколку не се снајдеш, пиши ни емаил на info@challenger.mk, ние ќе ти помогнеме 🙂

Чекор 3: Избери ја локацијата каде што престојуваш и поминуваш најголем дел од своето време. Дозволено е да се избере само една локација при креирање на твојот профил.

Чекор 4: Кругот на табот ДОМА всушност ти покажува колку има до започнување и до крај на полицискиот час во дадениот ден. Ние го наградуваме секој час поминат дома, независно дали е во или надвор од полицискиот час.

Чекор 5: Притисни на копчето Дома сум. Ова ти дава поени за сите часoви поминати дома (од последното притискање на копчето Дома сум). Апликацијата ги памти сите часови поминати дома, измеѓу две притискања на копчето Дома сум. Нема правила за колку често треба да го притиснеш ова копче, ние те советуваме да го правиш тоа 3-4 пати во денот.

Чекор 6: Седиш дома, собираш поени и потоа одиш во Challenger продавница да си земеш код за попуст.

Чекор 7: Преземи го купонот и истиот ќе го најдеш во торбичката. Сите купони имаат важност до 30.06.2020. Кога ќе сакаш да го активираш ти се појавува кодот и мораш одма да го искористиш, бидејќи по активирањето истиот се губи од твојата торбичка.

Не заборавај за некои бизниси мораш да го активираш кога ќе бидеш кај нив во локал, бидејќи истите се отвараат по намалување на мерките.

Уживај во искуството и приклучи се на фесјбук групата каде ги споделуваме најновите информации и каде сите корисници споделуваат искуства меѓусебе. Доколку имаш повеќе информации околу корисничкото искуство слободно пиши ни на info@challenger.mk.